Јавноста се прашува дали ќе има одговорност за новинарката која ги прикриваше гафовите на Јанева

Интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева предизвика бура од реакции во целокупната јавност. Откако целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции беше објавен во медиумите, излезе на површина непрофесионалноста и некоректноста на уредувачкиот тим на МТВ предводен од партискиот кадар на СДСМ, Санта Аргирова.Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка Катица Јанева има потешкотии дури и да ги прочита.
Наместо да ги прикаже слабостите во тезите на Катица Јанева и објективно да ја информира јавноста, МТВ по налог на уредникот поставен од СДСМ ги прикрива овие информации и неукоста на Катица Јанева.  Невозможно е да се најде новинар и медиумски работник кој не го дели ставот дека Катица Јанева едноставно нема капацитет за одговорноста која и е доделена.
Интервјуто во целина е под сите стандарди, а Јавниот сервис, во позиција со партиски војник во овие 100 дена на чело на информативната програма, наместо да има критички поглед кон институциите, меѓу кои и СЈО, без срам политички се додворува на Катица Јанева. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали ќе има ли одговорност за новинарката која непрофесионално ги прикриваше гафовите на Катица Јанева?
Главниот и одговорен уредник на информативната редакција на МТВ Санта Аргирова беше поставена на функцијата директно од опозициската СДСМ со цел да покаже пример за професионално известување. Аргирова најави дека ќе наметне стадарди какви до сега не се практикувале. За неполн месец, главната уредничка на МТВ успеа да постави невидени стандарди за непрофесионално информирање на јавноста.
Со своја реакција на социјалните мрежи се јавија и послушните опозициски мегафони како Ацо Кабранов, кој очекувано се стави во одбрана на Јанева.
 
Сепак, колку се провидни и манипулативни ваквите тврдења на Кабранов најдобро покажува еден негов текст објавен неодамна при гостувањето на министерот Зоран Јолевски на Алсат М телевизија. Истиот Кабранов кој сега тврди дека пуштањето на снимен материјал во кој Јанева се преповторува претставувало злоупотреба, тогаш како сакандал сакаше да го претстави и ревносно го објавуваше на својот сајт видеото во кое министерот Јолевски побара камерите да се исклучат.
 
Со свое мислење тогаш се јави и новинарката Наташа Стојановска, која искоментира дека политичарите не смеат да заборават дека треба да одговараат на прашања што не се нарачани.
-Политичарите не смеат да заборават дека треба да одговараат на прашања што не се нарачани! Обврска на службите за односи со јавност не е само да договорат тајминг за снимање, туку многу повеќе од тоа! Сепак, пред да побара да запре снимањето, Јолески образложи зошто не се согласува со претседателот Иванов, зошто војската се уште има кревети и ќебиња од ЈНА…, напиша Стојановска на својот Фејсбук профил.Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка К

Пронајдете не на следниве мрежи: