Јавноста знае дека Заев е виновен за обидот за „Пуч“ и за организирање на едно злосторничко, шпионско здружение заедно со Зоран Верушевски. Ова злосторничко здружение незаконски следело комуникации и после ги фабрикувало и монтирало материјалите добиени од тоа незаконско прислушкување, само за да му помогне на Заев да сруши една легално избрана власт, и да дојде на власт без поддршка од граѓаните.После постапката и аболицијата што Јанева му ја даде на Зоран Заев, јасно е како бел ден за што станува збор.
Зоран Заев и Верушевски се до гуша во криминал и тоа документиран криминал и докажан.
И затоа беше неопходно Катица Јанева да ги аболицира и спасува од судска и кривична одговорност. Во спротивно Специјалното јавно обвинителство ќе дозволеше процесот да заврши со судската разрешница, и судот да ги разгледува и да ги цени доказите и врз основа на нив да донесе праведна пресуда. А не обвинителството да биде адвокат на обвинетите.
Затоа СЈО, ако некој до вчера се сомневаше, од денес треба да знае дека веќе нема никаков професионален ниту институционален легитимитет.
СЈО остана да биде само политички инструмент и продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
СЈО цела година од преземањето на случајот „Пуч“ ја лажеше и манипулираше јавноста дека постапува по предметот и дека наводно работи независно и непристрасно.
Судењето се одложуваше 10 пати, а госпоѓата Катица Јанева се надмина себеси во измислувањето на причини за одложување на рочиштата. Еднаш беше образложението дека ги нема видено доказите, потоа го ослободи од притвор Верушевски. Потоа најави дека ќе има свадба нејзината ќерка, потоа можеби правеше ајвар или не знам што друго, но ништо не видовме од професионализмот кој што беше најавен од СЈО. Видовме само дека СЈО се стави во одбрана на криминалот преку кој што беше нарушен безбедносниот систем, а со тоа си имаше за цел да се наруши политичкиот легитимитет на демократска избраната власт.
Катица Јанева ја игнорираше и судската пресуда и признанието на осудениот Ѕвонко Костовски, вработен во УБК кој ја разоткри шпиунската шема на Верушевски и на Заев и кажа на кој начин биле нарачувани прислушкуваните материјали, на кој начин биле давани и потоа веројатно монтирани и фабрикувани.
Катица Јанева ја игнорираше целокупната скајп комуникација помеѓу обвинетите во случајот „Пуч“ во која што соработниците на Зоран Заев предвидуваа дури и граѓански немири или граѓанска војна, зовривање на состојбите и страдање на сите оние кои што не се дел од нивната шема.
Со срамната одлука за аболиција на Катица Јанева кон Зоран Заев ние видовме дека обвинителството, СЈО наместо да го гони криминалот, СЈО се појавува како заштитник на аболицирани криминалци.
И веќе не постојат дилеми дека СЈО е целосно непрофесионално, партизирано и политизирано.
Веќе не постојат дилеми дека СЈО не работи според законот туку според потребите на СДСМ и претседателот на СДСМ, господинот Зоран Заев.
Првата и основна причина за формирањето и постоењето на СЈО беше да се расчисти криминалот на Заев и Верушевски кои според признанието на вработениот во Управата за безбедност и контраразузнавање кои што доби судска пресуда ја злоупотребиле опремата за незаконско следење на комуникациите.
Со ова одлука на Катица Јанева за аболиција на господинот Заев, престанува и главната причина за постоењето на СЈО. Затоа сметаме дека јавноста треба да биде свесна, дека СЈО веќе стана беспредметна институција.После постапката и аболицијата што Јанева му ја даде на Зоран Заев, јасно е како бел ден за што станува збор.