Во случајот на убиството на Јелена Марјановиќ една работа е апсолутно неспорна, а тоа е дека се работи за злосторство од страст“, уверен е криминологот Зоран Николиќ.Познатиот криминолог Златко Николиќ тврди дека пејачката Јелена Марјановиќ ја убил или сопругот или непознат љубовник.
Како што вели, од криминолошка страна работите се потполно јасни бидејќи сигурно, според сите достапни информации, дека убиството го извршил некој кој имал силни емоции кон неа.
Сепак, најголемиот проблем е во тоа што оној кој што го извршил злосторството, ги сокрил сите докази.
Во случајот со убиството на Јелена Марјановиќ една работа е апсолутно неспорна, а тоа е дека се работи за злосторство од страст. Значи, кругот на потенцијално осомничени е сведен само на две личности, на сопругот Зоран или некој нам моментално непознат љубовник. Сите останати се исклучени, во тоа сум потполно уверен, бидејќи за такво злосторство не се потребни никакви материјални докази“, вели Зоран Николиќ.
Сепак потполно друга работа е тоа што за било чие апсење е потребен материјален доказ, а нема таков.
„Претпоставувам дека полицијата има некакви траги, но тие немаат доволна тежина за кревање обвинение. Како што минува времето, се помали се шансите за воопшто да се појават нови докази и траги. Затоа на полицијата и недостига само да почека убиецот или некој од неговата околина да попушти и да направи кобна грешка со која ќе се разоткрие. Или едноставно да пукне и да го признае злосторството“, смета криминологот.
Според него, најлошо од се е тоа што истрагата и понатаму тапка во место и се врти во круг.
„Полицијата се уште талка и нема сигурна трага, не успеа да ја утврди суштината на ова убиство. Не е пронајдено оружјето со кое Јелена е убиена ниту пак ДНК на убиецот. На полицијата очигледно најсомнително и е семејството и тука постојано се вртат во круг. Сега преостанува на основа на признанијата да се уапси убиецот, а за тоа недостасуваат сведоци на ова монструозно убиство“.Познатиот криминолог Златко Николиќ тврди дека пејачката Јелена Марјановиќ ја убил или сопругот или непознат љубовник.
Ка