Jелена покажа колку е опасна кога Ноле нема да каже фала

Колку што е добра опцијата на пренос во живо преку Фејсбук страните и профилите, толку е и лоша кога ќе заборавите да ја исклучите на време… Тоа денес на своја кожа го искуси тенисерот Новак Ѓоковиќ.Имено, за време на преносот во живот Ѓоковиќ покажува како изгледа неговиот тренинг, како си игра со кученцата Пјер и Тесла, но и колку неговата сопруга Јелена е опасна кога тој нема да каже “фала”.
Ноле на крајот од тренингот го зеде телефонот од својата сопруга која снимаше дотогаш, за “интимно да ги поздрави своите фанови”,  но заборави да го стисне копчето за крај.
Јелена покажа дека е како и секоја друга жена, па го искара со зборовите: “Како тоа се однесуваш, извини? Фала ти љубов, фала. Така треба да кажеш”.
На крајот таа забележа дека камерата е сѐ уште вклучена, па направи гримаса пред да го прекине преносот, но фановите се насмеаја на овој момент меѓу брачните партнери.
Погледнете го видеото, а доколку не сакате да го гледате целиот тренинг, скокнете директно на последните неколку секунди.
Имено, за време на преносот во живот Ѓоковиќ покажува како изгледа неговиот тренинг, како си игра со кученцата Пјер и Тесла, но и колку неговата со

Пронајдете не на следниве мрежи: