Јелена убиена во шума, па фрлена во каналот: Дали полицијата е се поблиску до убиецот?

Постојат одредени траги  кои  укажуваат на тоа дека Јелена со убиецот кого го познавала заминала кон обиколницата, за потоа да се вратат повторно кон каналот во шумата, го поминале мовчето и  тука застанале, бидејќи има доста скришни  места.Пејачката Јелена Марјановиќ од Борча убиена е во шума, ѕверски од зад грб, а не на местото на кое е пронајдено нејзиното тело во Црвенка, во каналот.
„На местото каде што  е пронајдено телото, полицијата не пронашла големи траги крв, а ни борба, што укажува на тоа дека била убиена на некое друго место, а морало да ги има поради големиот број на удари. Иако некој се потрудил да ја остави нејзината патика и мобилниот во близина, за да испадне дека некој ја дочекал тука, ја одвлекол во трската, па ја убил, веруваме дека злосторството  е извршено на друго место. На местото  каде што  е фрлена пејачката, борбата е наместена. Поради  тоа веруваме дека убиецот ја дочекал Јелена кај другата рампа, и  со  неа заминал во шума и  ја убил, а потоа нејзиното  тело  подоцна го фрлил во каналот каде што  е најдена“, објаснува извор близок на истрагата.
Како  што наведува истиот извор, постојат одредени  траги  кои  укажуваат на тоа дека Јелена со убиецот кого го познавала заминала кон обиколницата, за потоа да се вратат повторно кон каналот во шумата, го поминале мовчето и  тука застанале, бидејќи има доста скришни  места.

 
„Постојат индиции дека на едно од тие места Јелена и  нејзиниот убиец се скарале, што говори дека добро го познавала својот убиец. По расправијата, според извештаите на обдукцијата, утврдено  е дека првиот удар, а потоа и  повеќе, на Јелена и бил зададен во тилот, што  значи  дека била свртена со грб кон убиецот и дека не очекувала напад. Нејзините повици за помош   не можел да ги слушне никој, бидејќи  се се случило на пусто  место, а наоколу има само шума, насип и вода од другата страна“, вели изворот.
Тој  додава дека убиецот најпрво  го фрлил телото  на Јелена  во канал  каде што била убиена.

„Не се исклучува и можноста дека убиецот чекал погоден момент да се врати по нејзиното  тело со помошник , а потоа по спореден и земјен пат , дошол до местото каде што ја исфрлил. И на тоа место на мртвата Јелена и  задал повеќе удари, по што и испаднал прамен коса. Се сомнева дека потоа го фрлил телефонот и  патиката, за да прикаже како  тука да се случило злосторството“, навел соговорникот.Пејачката Јелена Марјановиќ од Борча убиена е во шума, ѕверски од зад грб, а не на местото на кое е пронајдено нејзиното тело во Црвенка, во канало

Пронајдете не на следниве мрежи: