Заговорниците, кои се обидоа да извршат преврат во Турција не се војници, туку терористи, изјави во Парламентот турскиот премиер Бинали Јилдирим.– Денеска е денот, на кој сите партии му кажаа „не“ на превратот, нагласи тој и додаде дека соработката во Парламентот ќе биде нов почеток.
Турскиот Парламент се состана денеска на седница во зградата во Анкара, која претрпе штета по обидот за преврат во текот на изминатата ноќ. Седницата почна со едноминутно молчење, по што беше пуштена националната химна.
Јидирим беше пречекан со аплауз при влегувањето и тој се ракуваше со некои опозициски политичари.
– Им благодарам на сите политички партии за покажаното единство и солидарност во овој критичен момент за Турција, рече премиерот.
Тој ја потенцира улогата на турските граѓани во спречувањето на превратот.
– Турскиот народ покажа висока свесност во однос на владеењето на правото и демократијата, нагласи Јилдирим.
Сите четири парламентарно претставени партии имаа свои претставници на седницата.
Јилдирим вети дека нема да има „Суден ден“ за цивилите и новинарите, кои на некој начин го поддржале обидот за преврат.
– Претпоставувам дека луѓето, кои ги поддржуваат терористите и сепаратистите, без разлика на нивните позиции се познати и против нив веднаш ќе се преземат мерки, изјави тој.
Истовремено одговарајќи на прашањето дали власти ќе ги процесуира оние цивили кои го поддржале пучот, вклучувајќи ги и новинарите, Јилдирим нагласи дека „поради ситуацијата која постоела за време на превратот, голем број новинари не можеле да се снајдат“.
– Тоа не е лесно прашање. И сега не е Судниот ден за да им се суди на сите. Ги повикувам сите на единство, стари и млади, жени и деца, на единство на сите под националнотo знаме, рече тој.
Јилдирим додаде дека во овој момент се „проценува учеството на сите заговорници во обидот за државен удар“.
Во меѓувреме лидерот на главната турска опозиција сила Народнорепубликанската партија. Ќемал Калчдароглу го осуди обидот за преврат.
Тој во Парламентот истакна дека осуетувањето на пучот ги доближило политичките партии до пронаоѓање на заедничка основа за подобрување на демократијата.
НРП традиционално се смета за партија, која е цврсто поврзана со турската армија.– Денеска е денот, на кој сите партии му кажаа „не“ на превратот, нагласи тој и додаде дека соработката во Парламентот ќе биде но