Јоко Оно ги шокираше сите со одговорот на прашањето околу претседателската кандидатура на Хилари Клинтон и можноста таа да стане првата жена претседател во историјата на САД.Вдовицата на Џон Ленон е во Лос Анџелес да презентира своја колекција на филџани и тацни во Музејот на Модерна уметност, целсоно ги изненади новинарите со признанието дека не само што била во друштво на поранешната прва дама за време на протестите во 70-тите години во Њујорк против војната во Виетнам, туку призна и дека „ја познава и интимно“.
Ѕвездата со смеење признава дека не само што имале свои моменти, туку и додаде дека оваа нејзина изјава одлично би одговарала во нејзината кампања за борба на ЛГБТ заедницата во САД.
„Се сретнавме повеќе пати за време на протестите во 1970-тите во Њујорк против војната во Виетнам и станавме многу интимни. Делевме исти вредности за сексуалната еднаквост, борбата против авторитарното, патријархално, машки-ориентирано општество во кое израснавме“, објаснува таа.
„Имавме кратка романса кога живеев со Џон во Менхетен, а Хилари студираше на Јејл, но со тек на време се раздалечивме. Многу ми е мило што и оди добро и и посакувам се најдобро во кампањата“, изјави таа за новинарите за време на прес-конференцијата.
Експертите веруваат дека оваа изјава може да и влијае на претседателската кандидатура на Клинтон, затоа што ова не е прва изјава според која Клинтон има лезбејско минато.
Вдовицата на Џон Ленон е во Лос Анџелес да презентира своја колекција на филџани и тацни во Музејот на Модерна уметност, целсоно ги изненади новина