Јоксимовиќ: Во Македонија се чувствувам како дома

Во пресрет на големиот спектакуларен концерт најавен за 11 ноември во арената Борис Трајковски екипата на Курир направи ексклузивно интервју со најголемата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, а за тоа како се чувствува во Македонија, што очекува од концертот и како се околу домот и близначињата прочитајте во продолжение.Жељко Добре дојдовте во Македонија. За 11-ти ноември се најавува голем спектакл. Што може фановите да очекуваат од вас?

-Добро ве најдов, секогаш ми е драго да доаѓам во Македонија. 11 ноември концертот ќе го краси една убава енергија која ја подготвуваме неколку месеци и на истиот ќе бидат моите пријатели, а ќе се пеат и некои од моите нови песни, а една од нив е и „Милиметар“ која навистина бележи рекордна гледаност и слушаност. Многу ми е драго за претстојниот концерт и сигурен сум дека публиката во Македонија и Скопје ќе го осетат тоа на правилен начин на 11 ноември.
Македонската публика секогаш со задоволство е присутна на вашите концерти. Кои ваши хитови Македонците нај веќе ги сакаат?
-Ги сакаат сите мои песни, веројатно ја сакаат и песната „Скопје-Белград“  која е многу популарна, но мислам дека не само во Македонија, туку каде и да се најдам низ светот прашувам дали има некој од Македонија и тие веднаш се јавуваат од публиката и морам да кажам дека ова се случува секаде во странство како и на моите концерти во летните месеци и во приморските градови. Знам да запеам и стари македонски песни, јас ја сакам македонската музика и народните песни со кои израснав и свирев како мал.

Често сте во Македонија, какви емоции ви буди оваа земја? Каква е македонската публика?
-Македонската публика е една од најдобрите публики и мојот најголем концерт се случи токму тука во Скопје на арената Филип Втори каде што имавме преку 50 илјади луѓе и тоа е просто нешто што не може да се заборави и јас ќе се потрудам следната година или пореално е во 2019 година да направам уште еден голем концерт чија подготовка трае повеќе од година дена да македонската публика и останатите кои на минатиот концерт доаѓаа и од целиот регион уживаат во него и истиот го повториме. Македонската публика умее да ги почувствува моите зборови, ноти и музика и мене како личност. Тука имам многу пријатели и во многу градови во Македонија се чувствувам како дома и се она што ново го правам прво го промовирам во Македонија. Минатата година ми поставија прашање зошто турнеите ги започнувате од Македонија? Мене овде ми е убаво и драго ми е што повторно сум тука и сигурен сум дека ќе се радуваат сите.
Бевте пријател на Тоше Проески, ментор на Даниел Кајмакоски. Дали ја следите македонската музичка сцена, како ја оценувате истата?
-Јас во многу прилики бев во многу музички шоуа па имав можност да ги запознаам не само Даниел, туку и бројни кандидати од Македонија и кога ќе ви дојде пејач од Македонија или инструменталиста тоа звучи перфектно и тука нема дилема. Луѓето од поранешна Југославија знаат дека кога ќе дојде Македонец ќе пее како Бог, а за тоа зборува и ангелскиот глас на Тоше како и Даниел Кајмакоски, исто така го запознав и Боби Мојсовски од Охрид кој пее надвор од сите граници и тоа е доказ дека вие сте талентирана нација и музикална па затоа јас често сум тука.
Многу концерти, работа, патувања. Колку имате време за вашето семејство, за бебињата?
-Секој слободен момент јас го поминувам со моето семејство и имам многу добра организација во домот и имам фантастична сопруга која сето тоа го организира на правилен начин и кога и да можам јас да помогнам истото и го правам, а не можам да кажам дека целиот живот го посветив на тоа бидејќи морам да работам и да го гледам и негувам моето семејство, а нормално како и секој татко кога и да дојдам дома му се посветувам на семејството.
 
Жељко Добре дојдовте во Македонија. За 11-ти ноември се најавува голем спектакл. Што може фановите да очекуваат од вас?

Пронајдете не на следниве мрежи: