Република Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО што поскоро. Како Министерство за одбрана продолжуваме со реформите во армијата и одбранбениот сектор бидејќи тие реформи се битни за државата, затоа што на тој начин градиме силна, мобилна и ефикасна армија, а истовремено исполнувајќи ги стандардите на НАТО.Тоа го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето пред учесниците на Безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, што во организација на Маршал-центарот на Република Македонија по четврти пат се одржува во Охрид.
Јолевски потсети дека пред две години почна процесот на модернизација на Армијата на Република Македонија, кој сега е во фаза на имплементација. Во моментов се врши аквизиција на соодветни одбранбени средства, кои се целосно во согласност со стандардите на НАТО и на македонските војници и офицери им овозможуваат ефикасно да ја извршуваат својата задача, рече Јолевски.
Министерот за одбрана истакна дека АРМ ќе продолжи да соработува со останатите земји-членки на НАТО, како во заеднички воени вежби, така и во мисиите на Алијансата, ОН и ЕУ.
Со учеството на АРМ во таквите мисии и вежби нашите војници добиваат огромни вештини и искуства што ги прави уште поспособни, рече министерот за одбрана.
Стојан Славевски, претседател на Маршаловиот центар во Македонија, од своја страна истакна дека е добро што на НАТО Самитот во Варшава Алијансата ја повтори поканата за членство на Македонија во НАТО, но како негативен аспект го посочи тоа што на собирот на НАТО е поставен уште еден дополнителен услов, а тоа е разрешување на политичката ситуација во земјата. – Оттука, треба да се посвети внимание на престојните парламентарни избори, на слободата на медиумите, независноста на институциите, како дополнителни прашања што ја оптеретуваат нашата показа за членство во НАТО, рече Славевски.
Амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли, истакна дека ваквите средби се добра можност за претставници на институции од сите држави-партнери на НАТО да продискутираат за важни прашања што го засегаат регионот.
За Самитот на НАТО во Варшава Бејли рече дека бил од исклучителна важност, не само поради донесените одлуки со кои е потврдува решителноста на Алијансата за колективен одговор во справувањето со новите предизвици и закани што доаѓаат од истокот и југот.
– Самитот беше своевиден одговор на појавите на одредена несигурност околу интегративните процеси во Европа, меѓу другото предизвикани во одредена мера со одлуката на граѓаните на Велика Британија за напуштање на ЕУ. Сметам дека Самитот во Варшава беше силен одговор на таквите двојби. Алијансата останува силна и посветена во заложбите за привлекување на државите-апсиранти како што е Македонија, така и во соработката со партнерите во Европа и преку Медитеранот во справувањето со предизвиците исправени пред колективната безбедност, рече Бејли.
Што се однесува на НАТО интеграцијата на Република Македонија, амбасадорот на САД посочи дека Алијансата не е само одбранбена структура, туку заедница на држави кои промовираат вредности на демократија, владеење на правото, слободи.
– Тоа е клучен дел на Алијансата вметнат во првиот параграф на самата организација. Оттаму и во дел на заклучоците за Македонија од Самитот во Варшава се нагласува важноста од продолжување на реформите во таа насока, особено преку имплементација на Договорот од Пржино, рече Бејли.
На годинашниот Форум во Охрид учествуваат претставници на алумни-асоцијациите на Џорџ.К Маршал центрите во државите од Западен Балкан, како и повеќе истакнати професори, аналитичари, експерти од регионот и пошироко, кои ќе дебатираат за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува регионот.Тоа го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето пред учесниците на Безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО во Варш