Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска учествуваше на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на земјите од Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, кој се одржува во Виена, Австрија.На состанокот посветен на заедничкото менаџирање на миграциските предизвици, министерот Јолевски истакна дека Република Македонија даде голем придонес во затворањето на балканската бегалска рута, а посочи и дека државните институции на Македонија реагираа соодветно, ефективно и координирано.
Во тој контекст укажа и на солидарната помош која Македонија ја доби од Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Србија, како земји кои распоредија свои полициски службеници на северната и јужната граница во поддршка на македонската полиција.
Министерот Јолевски во обраќањето се осврна и на следните чекори кои е потребно да се преземат со цел одржување на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко.
– Ние очекуваме дека сите мерки преземени од Европската унија, НАТО – Алијансата и државите во овој формат, ќе дадат добри резултати. Во тој контекст, од Европската унија очекуваме интензивен ангажман и лидерство, истакнал Јолевски.
Македонскиот министер за одбрана додаде дека договорот ЕУ-Турција мора да се почитува, дека постои потреба од унапредување на координацијата и размената на информации и податоци помеѓу земјите на т.н. „Балканска рута“, а воедно и дека треба да се забрзаат интегративните процеси на земјите од регионот во ЕУ и НАТО.
– Предизвиците на актуелната мигрантска криза ни говорат дека средбите од овој формат треба да станат редовна пракса, со очекување истите да дадат нов импулс во зајакнувањето на соработката, рече Јолевски пред министри за одбрана и за внатрешни работи на 14 земји од Европа, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Агим Нухиу.
На маргините на состанокот министерот Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, остварил и билатерална средба со австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскозил.На состанокот посветен на заедничкото менаџирање на миграциските предизвици, министерот Јолевски истакна дека Република Македонија даде голем придо