Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО пред самитот во Букурешт во 2008 година и заслужува да стане дел од Алијансата, нагласи министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, кој денеска во рамки на посетата на Република Хрватска, имаше средба со својот хрватски колега, Јосип Булјевиќ и со хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ.Јолевски и Булјевиќ се согласиле дека интеграцијата во НАТО на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора е значајна за стабилноста и за просперитетот на регионот, но и Европа.
На средбата, соопшти денеска МО, стана збор и за заедничкото лобирање на земјите од А5 пред Самитот на НАТО во Варшава.
Министерот Јолевски на средбата информирал и за состојбите на јужната и северната граница, при што било потенцирано дека координацијата, согласно шесте заклучоци од Бриселскиот самит, меѓу земјите на балканската рута е особено значајна. Хрватска, стои во соопштението од МО, дава целосна поддршка на Македонија за ефикасно справување со кризната состојба на јужната граница.
Во текот на средбата со претседателката на Хрватска, Грабар – Китаровиќ, Јолевски истакнал дека Република Македонија цврсто стои зад своите врвни приоритети, а тоа се членството во НАТО и ЕУ, и оти интеграцијата на земјите од регионот ќе придонесе кон постабилна безбедносна ситуација на Балканот и пошироко во Европа.
– Хрватската претседателка Китаровиќ изрази задоволство од нивото и интензитетот на соработката со Македонија и истакна дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот на ЕУ и НАТО. Беше истакнато дека Хрватска ќе продолжи силно да ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија. Македонија со своите активности во справување со мигрантската криза покажа дека е земја која го заслужува членството во НАТО и е партнер на кој може да сметаат Европа и земјите од регионот, истакна хрватската претседателка, се вели во соопштението од МО.
Министерот Јолевски информирал и за активностите кои се планираат до самитот на НАТО.Јолевски и Булјевиќ се согласиле дека интеграцијата во НАТО на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора е значајна за стабилноста и за просперит