Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска и утре ќе учествува на меѓународниот форум „To Be Secure“, што ќе се одржи во Будва, Црна Гора.На конференцијата, на која во фокусот ќе биде „Глобалната безбедност – предизвици и одговори“, министерот Јолевски ќе говори на панелот посветен на заштитата на границите на Европската Унија и Југоисточна Европа, во однос на мигрантската криза.
Оваа година меѓународниот форум во Црна Гора на едно место ќе ги собере високите претставници на НАТО, на земјите-членки и на партнерите. Дел од говорниците на форумот, соопшти МО, се заменик-генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, министрите за надворешни работи на Турција, Албанија и Босна и Херцеговина, Мевлут Чавушоглу, Дитмир Бушати и Игор Црндак и министерот за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ – Ѓуришиќ.
За време на претседателската дискусија поврзана со заедничката безбедност и одговорност, стои во соопштението од МО, присутни ќе бидат и претседателите на Хрватска, Црна Гора и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ, Филип Вујановиќ и Борут Пахор.На конференцијата, на која во фокусот ќе биде „Глобалната безбедност – предизвици и одговори“, министерот Јолевски ќе говори на п