Јолевски на средба со амбасадорот на Франција и одбранбените аташеи на Франција и Турција

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денес во Министерството за одбрана, оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристиан Тимоние на која присуствуваше и новоименуваното одбранбено аташе, полковник Жан – Мар Лавале и средба со новоименуваното нерезидентно одбранбено аташе на Република Турција, потполковник Рушен Абидиноглу.На средбата со францускиот амбасадор Тимоние и новоназначеното одбранбено аташе на полковникот Лавале, министерот Јолевски истакна дека соработката помеѓу двете земји во областа на одбраната е на високо ниво и дека и во континуитет треба да се прават напори истата уште повеќе да се развива.
Соговорниците разговараа за степенот на реализација на планот за билатерална соработка. Полковникот Лавале го информираше министерот за понудата од Франција за заедничко учество во рамки на меѓународните мировни мисии предводени од Европската Унија.
Во разговорот со нерезидентното одбранбено аташе на Република Турција, министерот Јолевски се заблагодари за континуираната поддршка на вооружените сили на Турција за развојот на Армијата на Република Македонија, со акцент на воената помош. Воедно министерот посочи дека за АРМ и за Република Македонија особено важна е можноста за заедничко учество со турските сили во рамките на командата на главниот град на Авганистан, Кабул, како дел од мисијата „Одлучна поддршка“ и тоа со офицерски кадар што е еден нов квалитет на учеството во овие мисии. Министерот Јолевски и потполковникот Абидиноглу посочија дека одбранбената соработка меѓу двете земји е на највисоко ниво со тенденција тоа да продолжи и во иднина.
Во разговорот со нерезидентното одбранбено аташе на Република Турција, министерот Јолевски се заблагодари за континуираната поддршка на вооружените сили на Турција за развојот на Армијата на Република Македонија, со акцент на воената помош. Воедно министерот посочи дека за АРМ и за Република Македонија особено важна е можноста за заедничко учество со турските сили во рамките на командата на главниот град на Авганистан, Кабул, како дел од мисијата „Одлучна поддршка“ и тоа со офицерски кадар што е еден нов квалитет на учеството во овие мисии. Министерот Јолевски и потполковникот Абидиноглу посочија дека одбранбената соработка меѓу двете земји е на највисоко ниво со тенденција тоа да продолжи и во иднина.На средбата со францускиот амбасадор Тимоние и новоназначеното одбранбено аташе на полковникот Лавале, министерот Јолевски истакна дека соработката

Пронајдете не на следниве мрежи: