Јолевски оствари средба со група студенти и професори на познатиот Станфорд

Во Министерството за одбрана денес министерот Зоран Јолевски оствари средба со група студенти и професори на познатиот Станфорд Универзитет во САД, на која стана збор за безбедноста и миграциите, со посебен осврт на Република Македонија и нејзиниот придонес кон стабилноста на регионот и Европа.Министерот Јолевски посочи дека Македонија како сериозен член на меѓународната заедница со своите потези влијаеше на намалување на последиците на мигрантската криза која започна во 2015 година.
-Армијата на Република Македонија, како поддршка на македонската Полиција успешно се справи со обидите за илегална миграција. Нашата заложба уште од самиот почеток на кризата беше и сè уште е државите кои се засегнати од неа да бидат постојано во комуникација и координација“, рече министерот.
Она што треба да го направиме како дел од оваа меѓународна криза, рече тој, е уште повеќе да ја развиеме меѓусебната соработка, на секое ниво – државно и институционално.
Големата успешност на припадниците на Армијата, истакна министерот, се должи, првенствено на нивните способности стекнати преку големиот број вежби со земјите-членки на Алијансата, но и на исклучително значајното искуство од учеството во мировните мисии.
-Македонија повеќе од една декада активно придонесува кон меѓународните мировни мисии, првенствено во ИСАФ во Авганистан, а потоа и во АЛТЕА во Босна и Херцеговина, УНИФИЛ во Либан, како и во новата мисија на НАТО во Авганистан, Одлучна поддршка. Квалитативно мисијата на припадниците на АРМ, особено во мисијата Одлучна поддршка се промени, со тоа што денеска ние придонесуваме со многу поголем број штабни офицери во командата на регионот Кабул и тоа е многу значајно за развојот на офицерскиот кор на АРМ, заклучи министерот на средбата.
Групата студенти и професори во рамки на посетата на Македонија остварија посета и со професори од Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје, а во текот на утрешниот ден ќе се сретнат и со дел од амбасадорите во Република МакедонијаМинистерот Јолевски посочи дека Македонија како сериозен член на меѓународната заедница со своите потези влијаеше на намалување на последиците на м

Пронајдете не на следниве мрежи: