Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес имаше поздравно обраќање пред учесниците на форумот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили“, кој се одржува во Охрид.-Проектот е започнат од пред околу една година и се покажа како исклучително успешен. Експерти од Министерството имаа можност да видат како функционираат различни институции и како тие се координираат со американската армија и националните гарди во САД. Денес тука имаме експерти од Соединетите Американски Држави со кои ги споделуваме нашите искуства во координацијата помеѓу институциите и нивната соодветна реакција во услови на криза, рече министерот Јолевски.
На прашање во врска со справувањето на државните институции и другите организации за време на неодамнешната непогода, министерот Јолевски рече дека е задоволен од работата на институциите кои постојано беа на терен во поддршка на граѓаните на Република Македонија. Министерот додаде дека и оваа непогода е дел од анализите на експертите од двете земји на овој форум, при што ќе можат да се разменат искуства и научени лекции.-Проектот е започнат од пред околу една година и се покажа како исклучително успе