Новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп останува посветена на Европа и на продолжување на добрите односи со Македонија. Ваква порака добил македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, кој во САД се сретна со претставници на тимот за транзиција на претседателот Трамп.- Ова е дел од перманентните консултации што ги имаме со американската администрација. Значајно е што разговарав со лица коишто се во транзицискиот тим на претседателот Трамп и тие не уверија дека Америка останува посветена на Европа, на регионот и на Република Македонија, вели Јолевски во изјава за Македонската радио телевизија.
Тој во САД учествуваше на Безбедносен форум за глобалниот тероризам и сајбер заканите што го организираше Сенатот на САД, а на кој домаќин беше сенаторот, Џим Инхоф.
– Разговаравме за неопходноста на соработка во борбата против тероризмот и компјутерската безбедност во светот, вклучувајќи ја и Европа. Заклучок беше дека соработката треба да се интензивира и да се разменуваат информации, бидејќи заканите, се закани за сите држави во светот. Она исто така што е мошне значајно е дека покрај сенаторите, тука беа и претставници на тимот за транзиција на претседателот Трамп и добивме силна порака дека тимот на Трамп останува посветен на НАТО и НАТО ќе биде значајна алатка во борбата против тероризмот и компјутерските закани, рече Јолевски.
Министерството за одбрана соопшти дека Јолевски остварил повеќе средби со претставници на Пентагон, Стејт Департментот, Сенатот, Конгресот и Тинк-Тенк институциите.
Во обраќањето на форумот, Јолевски истакнал дека Балканот припаѓа на евроатланскиот регион и оти неговата безбедност е неделива од безбедноста на Европа. Тој, исто така, укажал на потребата од интензивирање на соработката на безбедносните структури во Европа со цел поефикасно справување со сегашните и идните предизвици.
– Република Македонија, како и останатите земји од регионот имаат голема и важна улога во менаџирањето на мигрантската и бегалската криза, која ја зафати цела Европа, посочил Јолевски.
Во контекст на тоа додал дека е потребно да се преземат стратешки чекори имајќи ја во предвид актуелната геополитичка ситуација во светот, Европа и Балканот.
– Интеграцијата на земјите од југоисточна Европа е еден од тие стратегиски чекори. Знаеме дека постојат одредени критериуми или услови што треба да се исполнат, земјите од регионот се подготвени да работат на нивно исполнување, но потребно е што побрза нивна интеграција во колективните одбранбени системи, рекол Јолевски.
На форумот сенаторите и конгресмените, како што се информира Министерството за одбрана, истакнале дека САД остануваат посветени на соработката со Европа, која е стратегиски партнер во борбата против тероризмот и сајбер заканите. – Ова е дел од перманентните консултации што ги имаме со американската администрација. Значајно е што разговарав со лица коишто се во&nbs