Во неодамнешното интервју за влијателниот регионален портал Balkan Defense министерот за одбрана, Зоран Јолевски зборуваше за влијанието на Македонија во регионалната безбедност и дваесет годишниот процес на Македонија за членство во НАТО.Говорејќи за членството на Македонија во Алијансата министерот Јолевски посочи дека полноправното членство на Македонија во НАТО и ЕУ е клучен приоритет на Владата на Република Македонија и дека истото ќе придонесе кон поголема стабилност и безбедност во регионот и пошироко. Тој истакна дека Македонија е спремна да стане дел од НАТО и дека државата ги исполнува сите критериуми за влез во Алијансата.
Во однос на мигрантската криза Јолевски изјави: „Начинот на кој Република Македонија се соочува со мигрантската криза е уште еден аргумент зошто мојата држава ја заслужи поканата за членство во НАТО. Ние покажавме дека имаме капацитети кои придонесуваат кон безбедноста на Алијансата“. Министерот ја цитираше и американската конгресменка Кандис Милер, која рече дека македонските војници ги чуваат шаторите на НАТО во Кабул, но не им е дозволено да спијат во нив. „Денес Македонија ја чува Шенген зоната и Европската граница, но не нѝ е дозволено да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Членството во овие организации не значи само права туку и обврски. Ние покажавме дека сме спремни да ги исполниме тие обврски. Ние придонесуваме кон безбедноста на европскиот континент, придонесуваме кон справувањето со мигрантскиот проблем, но не можеме да ги уживаме предностите од Евро-Атлантските структури. НАТО и ЕУ даваат голема поддршка за Македонија, но ние заслужуваме да станеме целосни членови во овие организации“, додаде министерот.
Во интервјуто Јолевски се осврна и на развојните процеси во Армијата на Република Македонија. Тој посочи дека АРМ е мала, мобилна, ефективна и добро опремена армија која редовно се справува со сите предизвици со кои се соочува. Нашите цели, рече министерот, се да ја подобриме армијата уште повеќе. „Македонија е мала држава, но нејзините граѓани имаат силна волја, дух, интегритет и силен мотив да живеат во мир, безбедност и развој. Тоа се одразува во припадниците на Армијата кои отсекогаш ја уживале силната поддршка на граѓаните од самото осамостојување на државата. Таа доверба тие ја заслужија преку нивните дела, преку помошта дадена на граѓаните на Република Македонија во случаи на временски непогоди, во ситуации на ризик и во предизвици на нашата безбедност“, истакна министерот за Balkan Defense.Говорејќи за членството на Македонија во Алијансата министерот Јолевски посочи дека полноправното членство на Македонија во НАТО и ЕУ е клучен прио