Јотовски во полуфинале

Младиот македонски тенисер Томислав Јотовски го совлада хрватот Матеј Шабанов и се пласираше во полуфиналето од турнирот во Сомбор.Македонскиот тенисер Томислав Јотовски во три сета успеа да го совлада хрватот Шабанов.
Првиот сет нашиот тенисер го загуби со резултат 4-6, додека пак во останатите два беше далеку поуспешен каде славеше со 6-4, односно 6-2, па така избори пласман во полуфиналната фаза од турнирот во Сомбор (Србија).
Јотовски инаку се наоѓа на 1106-тата позиција на АТП листата, па со овој успех може да дојде до огромен напредок на истата.Македонскиот тенисер Томислав Јотовски во три сета успеа да го совлада хрватот Шабанов.

Пронајдете не на следниве мрежи: