Јовановски: Ако државата е обезглавена, граѓаните ќе ја земат правдата во своите раце

Со сите соседи треба да живееме со позитивна енергија, меѓутоа ако државата е обезглавена, а знаеме дека две и пол години се занимаваме со туѓи агенди, доколку раководството се занимава со нешто друго, останува граѓаните да ја земат правдата во своите раце, заклучи актерот Владо Јовановски зборувајќи за споменикот на паднатите бугарски војници што беше издигнат на Кајмакчалан, па потоа срушен без државна интервенција.„Пред неколку месеци соседна братска Бугарија направи споменик на паднатите бугарски војници на Кајмакчалан. Друго е прашањето каква етичка припадност имаа војниците што се бореа во првите редови во српската, бугарската и грчката војска и се тепаа брат со брат. Јас почитувам секој да си ги слави своите жртви, но не може ниту една институција, па и од власта и опозицијата да не го искаже ставот во однос на прашањето –  може ли на секој што ќе му текне да прави споменици каде сака и кога сака?  Дозволивме сите што не газеле да си ги слават успесите. На крајот дојдовме до ситуација граѓанин на Македонија да отиде самиот и да ја скрши плочата, што исто е непријатно, не треба да имаме проблеми со Бугарија, со сите соседи треба да живееме со позитивна енергија. Но ако државата е обезглавена, знаеме дека две и пол години се занимаваме со туѓи агенди, ако раководтсвото се занимава со друго, останува граѓаните да ја земат правдата во своите раце“, смета Јовановски.
Јовановски гостуваше во ОКО на ТВ НОВА со Горан Петрески, каде зборуваше за театарот, љубовта кон Македонија, активизмот на социјалните мрежи и актуелната политичка состојба.„Пред неколку месеци соседна братска Бугарија направи споменик на паднатите бугарски војници на Кајмакчалан. Друго е прашањето каква етичка п

Пронајдете не на следниве мрежи: