Јовановски: Ако Заев сака вистински правен систем треба прв да излезе на суд и да ја докаже својата невиност

Гостин во емисијата Фокус на Телеканал А1 од Струмица беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски. Тој во гостувањето се осврна на најавата на Заев дека ќе правел реформска влада, ќе го реформирал судскиот систем и останати реформи. Тој смета дека човек кој ветува правна држава прво мора да се појави пред суд.-Секогаш кога ќе има закажан процес за судење, тој истиот секогаш некој се наоѓа да го повика, како што впрочем беше сега пред некој ден, од ОБСЕ го повикале оти тие толку многу работа имале, па баш тој ден морале да го повикаат немало кога. Значи тој бега од лицето на правдата, а ќе правел реформска влада, ќе правел реформска држава, ќе реформирал судии, ќе го реформирал правниот систем, ќе реформирал образование, ќе бркале од работа не знам што се ќе правеле. Ова ли се реформите, овде ги прашувам сите струмичани ова ли се реформите, вели Јовановски.
Јовановски му порача на Заев да побара да му се тргне аболицијата која ја има од поранешниот претседател Црвенковски и својата невиност, бидејќи тој тврди дека е невин да ја докаже пред суд.
-Па тој ако сака вистински правен систем треба прв да излезе на суд и да ја докаже својата невиност на суд, како што впрочем тврдеше дека претседателот Црвенковски кога го аболицирал згрешил, тој ако отидел на суд ќе си ја докажел својата невиност. Имаш прилика, откажи се од аболицијата и оди на суд докажи ја невиноста, му порача Јовановски на Заев.-Секогаш кога ќе има закажан процес за судење, тој истиот секогаш некој се наоѓа да го повика, како што впрочем беше сега пред некој ден, од ОБСЕ г

Пронајдете не на следниве мрежи: