Јовановски: На Зоран Заев поважна му е поддршката на Села, отколку националните и државните интереси

Аболицираниот Зоран Заев покажа дека е подготвен да дојде на власт по секоја цена, па дури и да ги прифати елементите на Тиранската Платформа, кои значат разнебитување на државата, вели Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.На аболицираниот Зоран Заев поважни му се потписите на Алијансата на Албанците отколку достоинството на народот во Македонија.
На аболицираниот Зоран Заев поважна му е поддршката на Зијадин Села, отколку националните и државните интереси. Аболицираниот Зоран Заев не собра храброст да го осуди Зијадин Села и да му се заблагодари на поддршката, иако овој отворено на македонскиот народ му порача дека не постои македонски идентитет и дека пред 100 години немало Македонци. Зоран Заев не му се спротивстави на Зијадин Села и продолжи да го третира како реформатор, иако Села изјавуваше дека за Албанец премиер било понижување да давал заклетва пред македонска химна и пред македонско знаме.
Аболицираниот Зоран Заев покажа дека е подготвен да дојде на власт по секоја цена, па дури и да ги прифати елементите на Тиранската Платформа, кои значат разнебитување на државата.
Тоа Зоран Заев и СДСМ го прават затоа што се уценети, бидејќи се до гуша заглавени во криминал и сега поприфатливо им е да коалицираат со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не го почитува македонското знаме и кој не ја почитува македонската химна и кој смета дека Македонија од АСНОМ, 1944-та до 1956-та се градела на темели на наводен геноцид врз Албанците.
Граѓаните оправдано се плашат дека Зоран Заев е подготвен да ги погази унитарноста, суверенитетот, интегритетот и достоинството само да формира Влада базирана врз Тиранската Платформа. Впрочем аболицираниот Зоран Заев ниту еднаш не кажа дека јасно и гласно се откажува од намерата да формира Тиранска Влада врз основа на платформа формирана во странска држава со диктат на странски премиер. Наместо тоа тој најави дека ќе дебатира за елементите во Тиранската Платформа и врз основа на мислењата на партиски експерти на потписниците на Платформата, а потоа ќе почне да имплементира во фази една по една  од точките.
Ние не отстапуваме од националните и државните интереси и затоа му нудиме на Зоран Заев да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада, откако претходно јавно ќе се откаже од Тиранската Платформа и елементите содржани во неа.
Ние во интерес на зачувување на мултиетничкиот карактер на државата му нудиме на Зоран Заев да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните, со цел граѓаните да имаат можност да се произнесат и да кажат што мислат за Тиранската платформа. Така граѓаните нема да бидат изборни измамени и кристално јасно ќе се произнесат за се, вклучително и за Тиранската Платформа, чии елементи аболицираниот Зоран Заев и СДСМ може да ги искористат во својата Изборна Програма.
Изборите се всушност најдобрата дебата во која Зоран Заев може да ја отвори по ова сериозно прашање кое е закана по унитарниот и мултиетничкиот карактер на државата.На аболицираниот Зоран Заев поважни му се потписите на Алијансата на Албанците отколку достоинството на народот во Македонија.
На аболицира

Пронајдете не на следниве мрежи: