Јовановски: Никаде не повикувам нa војна, стравувам од војна која сакаат да ни ја наметнат други!

 Јас никаде не повикувам на војна, во тој мој Фејсбук статус нема такво нешто. Да не ми ставаат во уста зборови дека повикувам на војна, тоа се сериозни обвинувања, вели актерот Владо Јовановски во своето гостување во Дневникот на Сител.-Јас само стравувам, дека вака како што е доведена ситуацијата од сите страни, дека може да дојде до несакани псоледици и војна. Тоа не е тајна, други луѓе повикуваат на војна, не јас. Сетете се колку странски амбасадори, конгресмени јавно искажуваат ставови дека Република Македонија треба да се подели помеѓу две балкански држави, рече Јовановски.
Коментирајќи ги нападите од негови колеги кои беа дел од опозициската „Шарена револуција“, Јовановски рече дека некој си има таква задача, некои се платени за тоа, некои се организирани, оркестрирани.
-Не ми е првпат да ме “стрелаат“ или да ме обидат да ме “отстрелат“, но овој пат ги поминаа сите граници на разумност, рече Јовановски.-Јас само стравувам, дека вака како што е доведена ситуацијата од сите страни, дека може да дојде до несакани псоледици и војна. Тоа не е тајна, др

Пронајдете не на следниве мрежи: