Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски во разговор за Република зборува за кадровските смени што ги направи СДС.Пред неколку дена бевме сведоци на промена на директорите на Театарот Комедија и на Театарот за деца и младинци со образложение дека тие биле „под контрола на Никола Груевски“. Каков е Вашиот став за ова?
Јовановски: Театарот Комедија почна со работа пред точно пет години и неколку месеци. Од неговиот почеток до денес дијагоналата на координативниот систем во смисла на успешност е константно во нагорна линија од лево кон десно. Директорката Јелена Жугиќ за овој период успеа од новоформирана институција што се појави на театарското небо во нашата држава да направи театар со високо реноме како во нашата држава така и надвор, за што сведочат и многубројните награди за претстави во целина и за актерски остварувања. Кога ќе се погледне оваа биографија на директорката Жугиќ и на ансамблот на Театарот Комедија веднаш доаѓа до израз поговорката: „Пред фактите и Боговите молчат“. Образложението дека директорката Жугиќ ги запирала и ги заробила тековните процеси во однос на работењето на театарот не се никакво оправдување дека го правела тоа. Единствено што држи вода е нивниот став дека е сменета затоа што била еден од поактивните членови на ВМРО–ДПМНЕ.
Со смената на Жугиќ и на Димитров и со поставувањето партиски кадри се врши партизирање на државата. Има ли потреба од партизација во културата?
Јовановски: Членувањето во една или во друга политичка партија со Устав му е загарантирана на секој граѓанин во РМ. Имајќи предвид дека нивната теза, која постојано ја спомнуваа пред изборите и по нив, е дека ќе донесат непартиски, професионални и стручни кадри на разни директорски места во сите институции во државата, постручен и попрофесионален од страна на директорката Жугиќ во однос на Театар Комедија и неговото опстојување јас не знам дали во овој момент може да најдат. Секој тој што ќе го донесат треба однапред да знае дека треба да почне некаде од „150“, па нагоре. Ова што ни се случува во државата околу непартизмот, професионализмот и стручноста во однос на именување нови луѓе, почнувајќи од министри, па надолу, е само еден обичен политички памфлет и популизам, кој во СДС го има во изобилство. Со ова сакам да кажам дека тие воопшто не размислуваат за „Живот“ во Македонија, туку за смрт.
Во време на ВМРО се градеа театри, се инвестираше во истражувања, се финансираа изложби, беаиздадени десетици едиции книги со македонски превод, се снимија еден куп филмови… Сега новата влада сето тоа го крати. Се крати во основната дејност на културата. Скратени се пари за истражување, за конзервација, за филмови… За нови вработувања не станува ни збор. Пред неколку дена бевме сведоци на промена на директорите на Театарот Ко