Јовановски: СДС во­оп­што не раз­мис­лу­ва­ат за „Жи­вот“ во Ма­ке­до­ни­ја

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски во разговор за Република зборува за кадровските смени што ги направи СДС.Пред не­кол­ку де­на бев­ме све­до­ци на про­ме­на на ди­ре­кто­ри­те на Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја и на Те­а­та­рот за де­ца и мла­дин­ци со образ­ло­же­ние де­ка тие би­ле „под кон­тро­ла на Ни­ко­ла Гру­ев­ски“. Ка­ков е Ва­ши­от став за ова?
Јовановски: Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја поч­на со ра­бо­та пред точ­но пет го­ди­ни и не­кол­ку ме­се­ци. Од не­го­ви­от по­че­ток до де­нес ди­ја­го­на­ла­та на ко­ор­ди­на­тив­ни­от си­стем во смис­ла на ус­пеш­ност е кон­стант­но во на­гор­на ли­ни­ја од ле­во кон дес­но. Ди­ре­ктор­ка­та Је­ле­на Жу­гиќ за овој пер­и­од ус­пеа од но­во­фор­ми­ра­на ин­сти­ту­ци­ја што се по­ја­ви на те­а­тар­ско­то не­бо во на­ша­та др­жа­ва да на­пра­ви те­а­тар со ви­со­ко ре­но­ме ка­ко во на­ша­та др­жа­ва та­ка и над­вор, за што све­до­чат и мно­гу­број­ни­те на­гра­ди за прет­ста­ви во це­ли­на и за актер­ски ос­тва­ру­ва­ња. Ко­га ќе се пог­лед­не оваа би­о­гра­фи­ја на ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ и на ан­самб­лот на Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја вед­наш до­а­ѓа до израз по­го­вор­ка­та: „Пред фа­кти­те и Бо­го­ви­те мол­чат“. Образ­ло­же­ни­е­то де­ка ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ ги за­пи­ра­ла и ги за­ро­би­ла те­ков­ни­те про­це­си во од­нос на ра­бо­те­ње­то на те­а­та­рот не се ни­ка­кво оправ­ду­ва­ње де­ка го пра­ве­ла тоа. Единс­тве­но што др­жи во­да е нив­ни­от став де­ка е сме­не­та за­тоа што би­ла еден од по­а­ктив­ни­те чле­но­ви на ВМРО–ДПМНЕ.
Со сме­на­та на Жу­гиќ и на Ди­ми­тров и со по­ста­ву­ва­ње­то пар­ти­ски ка­дри се вр­ши пар­ти­зи­ра­ње на др­жа­ва­та. Има ли по­тре­ба од пар­ти­за­ци­ја во кул­ту­ра­та?
Јовановски: Чле­ну­ва­ње­то во ед­на или во дру­га по­ли­тич­ка пар­ти­ја со Устав му е за­га­ран­ти­ра­на на се­кој гра­ѓа­нин во РМ. Имај­ќи пред­вид де­ка нив­на­та те­за, ко­ја по­сто­ја­но ја спом­ну­ваа пред из­бо­ри­те и по нив, е де­ка ќе до­не­сат не­пар­ти­ски, про­фе­си­о­нал­ни и струч­ни ка­дри на раз­ни ди­ре­ктор­ски ме­ста во си­те ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­та, по­стру­чен и по­про­фе­си­о­на­лен од стра­на на ди­ре­ктор­ка­та Жу­гиќ во од­нос на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја и не­го­во­то оп­сто­ју­ва­ње јас не знам да­ли во овој мо­мент мо­же да нај­дат. Се­кој тој што ќе го до­не­сат тре­ба од­на­пред да знае де­ка тре­ба да поч­не не­ка­де од „150“, па на­го­ре. Ова што ни се слу­чу­ва во др­жа­ва­та око­лу не­пар­тиз­мот, про­фе­си­о­на­лиз­мот и струч­но­ста во од­нос на име­ну­ва­ње но­ви лу­ѓе, поч­ну­вај­ќи од ми­ни­стри, па на­до­лу, е са­мо еден оби­чен по­ли­тич­ки памф­лет и по­пу­ли­зам, кој во СДС го има во изо­билс­тво. Со ова са­кам да ка­жам де­ка тие во­оп­што не раз­мис­лу­ва­ат за „Жи­вот“ во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку за смрт.
Во време на ВМРО се градеа театри, се инвестираше во истражувања, се финансираа изложби, беаиздадени десетици едиции книги со македонски превод, се снимија еден куп филмови… Сега новата влада сето тоа го крати. Се крати во основната дејност на културата. Скратени се пари за истражување, за конзервација, за филмови… За нови вработувања не станува ни збор. Пред не­кол­ку де­на бев­ме све­до­ци на про­ме­на на ди­ре­кто­ри­те на Те­а­та­рот Ко

Пронајдете не на следниве мрежи: