Јовановски: Театри се градат само во држава што се стреми да се развива со сите атрибути

Театри се градат само во држава што се стреми да се развива со сите атрибути. Сигурно во држава во којашто има режим не се градат театри, истакна Крсте Јовановски, во гостувањето на ТВ Нова.-Работев 27 години во струмички театар, од каде што потекнува лидерот на опозицијата. Имено, 4-5 години работевме во Домот на армијата, не плаќавме греење и потоа се префрливме во Домот на културата кој беше изграден од самопридонес и можеби само првата година имавме некакво парно. Можам да потврдам дека со години сум работел на -10, -15 степени. Каде е проблемот? Ако толку години сум работел во тој театар и имам одиграно над 100 улоги, тоа значи дека и покрај условите не ми сметало да созвам нешто што се вика театарска уметност, што се вика претстава, на што сум многу горд. Не ми сметало тоа што било ладно, проблемот е колку јас сум сакал да се реализирам внатре. Гледам дека актерите сега зборуваат за некои бројки, додека нашата професија треба да се одвива на сцената. Не можеме да бараме причина за нашето неуспешно или успешно работење во театрите за некакви услови. Најпосле, никогаш не било вложено повеќе од она што е сега“, изјави Јовановски.
Оваа недела во „ОКО“ со Горан Петрески се зборуваше за театарската уметност и политиката. Гости во емисијата беа директорот на театарот за деца и младинци Братислав Димитров,  Сања Арсовска од драмскиот театар,  Крсте Јовановски од театарот Комедија, како и Мартин Бабиќ, пензиониран актер.-Работев 27 години во струмички театар, од каде што потекнува лидерот на опозицијата. Имено, 4-5 години работевме во Домот на армијата, не плаќавме

Пронајдете не на следниве мрежи: