Тиранската платформа е смислена многу порано, таа е договор меѓу СДСМ и надворешните фактори, каде беше договорено СДСМ да добие 60-70 илјади албански гласови, ова во гостување на стурмичкиот Телеканал А1 го кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски.-СДСМ однапред учествуваше во едно сценарио, платформата како таква е смислена многу порано. Договорот помеѓу СДСМ и надворешните претставници овде, олеснувачи, “големите пријатели“ на Република Македонија, беа договорени, ти ќе добиеш 60-70 илјади албански гласови, во име на граѓанското општество, сега кога ќе има локални избори ќе видиме колку граѓанското општество ќе биде во корист на СДСМ, во Тетово, во Дебар, во Струга, во Гостивар, во Чаир итн. Тогаш ќе видите за кое граѓанско општество нас ни зборува лидерот на СДСМ, нема врска од граѓанско општество, ние сите сме граѓани,
Тој смета дека без тие 60-70 илјади албански гласови, СДСМ можеби ќе имаше помалку од 40 пратеника, а на таа сметка ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 63.
-Значи 60-70 илјади ќе добиеш од албанските гласови, тоа се некаде околу 8 пратеника плус, за да дојде до бројка од 49, значи они ќе имаа 40, можеби и помалку од 40 пратеници, за таа сметка ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 63. Но Албанците се бунат, како ние него да му дадеме гласови, вие ќе имате доволно за да бидете релевантен фактор со бројка на пратеници, за да можат овие да формираат, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги исфрлиме од игра, за да може после тоа оваа платформа да си ја внесете. Кога сето ова не се случи, платформата ја извадија на 7 јануари со една единствена цел,
Тој кажа дека не е вистина дека Груевски ја прифатил платформата со исклучок на точката за СЈО, тој дури напомена да Груевски јавно му кажал на Заев дека ќе му ги даде сите негови 51 пратеник, со што Заев би имал 100 пратеника, да формира малцинска влада, само да се откаже од тиранската платформа. Тој спомена и дека Груевски кажал ако треба дека и тој ќе оди во затвор, како и сите оние кои тоа го мислат
-Тој бил непристоен предлог, касно било, касно е за нив, не е за ВМРО-ДПМНЕ, касно бидејќи они влегоа во едни води, од кои нема излез. Јас не бев во Берн да викам дека на Македонија сите и биле криви само таа била права, како може да се даде таква изјава, кога ние имаме историја назад пишана, што Бугарите мислат за нас, што Албанците мислат, што Србите, што Грците
Тој спомена дека во една прилика му кажал да Заев, дали тие се криви што Србите црквата не ни ја прифаќаат, тие ли сме криви што Бугарите јазикот не ни го прифаќаат, Грците штои името не ни го признаваат, што Албанија сака да ја земе нашата татковина.
-Значи тој сето тоа ќе им го дозволи, затоа што пред некој ден рече дека со Србите сме биле исти, со Бугарите сме биле еден народ или не знам што, свесен ли е тој какви изјави дава, дали народот во Македонија е свесен кој ќе му биде мандатар, јас не можам да си одговорам тоа прашање-СДСМ однапред учествуваше во едно сценарио, платформата како таква е смислена многу порано. Договорот помеѓу СДСМ и надворешните претставници овде