Македонскиот поет Јовица Тасевски Етернијан од 22ри до 25ти мај ќе учествува на јубилејното 10 то издание на угледниот Меѓународен поетски фестивал „Словенска прегратка“ во Варна и Плиска, Република Бугарија. Исто така, негови песни препеани на бугарски јазик ќе бидат објавени во новиот број на бугарското списание за литература и уметност „Знаци“.Фестивалот го организира Словенската литературна и уметничка академија, а сеодржува во чест на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. На фестивалотќе бидат претставени еминентни поети од сите словенски држави.
Програмата на 10. Меѓународен поетски фестивал „Словенска прегратка“опфаќа поетски читања, ликовни изложби, концерти, тркалезна маса, работилници запревод и други содржини.
Претседател на Словенската литературна и уметничка академија е афирмираната бугарска поетеса Елка Њаголова, добитничка на единаесет престижни национални и неколку меѓународни книжевни награди, координатор за Македонија епоетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски, а членови се академик Влада Урошевиќ, Раде Силјан и др.
По повод јубилејот на фестивалот, поздравни писма и честитки до Словенската литературна и уметничка академија упатија повеќе високи функционери од светот, меѓу кои и генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров и др.
Книга со избрани песни од Јовица Тасевски-Етернијан претходно беше објавенаво Бугарија во препев на еминентниот бугарски поет Петар Караангов, добитник на наградите „Книжевен жезол“ и „Почесно Рациново признание“, а во бугарскатапериодика се објавени повеќе негови песни препеани на бугарски јазик од познатитепоети Роман Кисјов и Николај Шопов, добитници на наградата „Македонски книжевенДедал“.
Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави. Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.
Фестивалот го организира Словенската литературна и уметничка академија, а сеодржува во чест на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. На ф