Наспроти празните зборови и политичката хајка која деновиве се води против Општина Битола и првиот човек Градоначалникот Владимир Талески, ЈП Пазари од Битола потсетува на реалните и со око видливи дела и инвестиции кои во никој случај немаше да се реализираат без поддршката на градоначалникот Владимир Талески, истакна денеска директорот на ЈП Пазари- Битола, Сашо Стаматов.– 2014 година – изградба на нов современ павиљон за продажба на зеленчук и овошје. Инвестиција вредна дванаесет милиони денари во кои Општина Битола на чело со Градоначалникот Талески учествуваше со 8 милиони денари.
– 2015 година – реконструкција на реон 4 со површина од 850 м2. Партерно уредување и промена на дотраени тезги со што се изврши поврзување на делот од дуќаните со новиот павиљон за продажба на зеленчук и овошје.
– 2016 година – изградба на шест нови павиљони и партерно уредување на површина од 1000 м2. Проект кој е во тек и се изведува во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, а истиот благодарение на Градоначалникот Талески е доделен токму на ЈП Пазари во конкуренција со останатите општини во Пелагонија.
– Во наредната 2017 година повторно со помош од Општина Битола на чело со Градоначалникот Владимир Талески ќе се изврши реконструкција на реон број 2 или попознат како реон за продажба на бижутерија, а се наоѓа пред управната зграда.
-Преку овие инвестиции Битола веќе го има добиено приматот на град со најдобар пазар во Република Македонија, а ќе повторам истото тоа не би било без поддршката на Градоначалникот Владимир Талески. Затоа во оваа прилика ние како ЈП Пазари и јас како Директор на оваа институција сакаме јавно да изразиме поддршка за Градоначалникот Талески, како што тој ни ја дава токму нас и на граѓаните на Општина Битола сите овие изминати единаесет години., рече Стаматов.– 2014 година – изградба на нов современ павиљон за продажба на зеленчук и овошје. Инвестиција вредна дванаесет милиони денари во