Денес, 7ми април, во ресторан „Камник“ во Скопје, тимот на VIVAX во уникатна атмосфера, со одбележување на традиционалниот настан „VIVAX COOL DAY“, прослави јубилејна прослава по повод 10 години од неговото постоење во Македонија, и успех кој веќе трае една деценија.„VIVAX COOL DAY“ се одржува на годишно ниво, во сите земји од регионот, настан кој е веќе препознатлив, каде се презентираат сите новитети кај VIVAX клима уредите.
На настанот свои презентации и обраќања имаа главниот продукт менаџер за VIVAX од Хрватска – Марко Барун, Жељко Башиќ – одговорен за сервисна поддршка за цела групација, а свој збор имаа и Мирослав Хузјак – претседател на управен одбор на М САН групацијата, генералниот директор на ПАКОМ Компани – Маргарета Гњатовиќ Спиров, Зоран Гавровски – комерцијален директор и Филип Трифуновски – продукт менаџер во ПАКОМ Компани.
За време на јубилејната прослава беа присутни повеќе од 120 партнери на ПАКОМ Компани, кои покрај тоа што ги запознаа новитетите кај VIVAX клима уредите, имаа можност да се запознаат, дружат, учествуваат во натпревар во стрелање и да добијат вредни награди.
VIVAX брендот постои веќе 14 години, како дел од M САН Групација – Хрватска, а во Македонија, преку својот генерален дистрибутер, ПАКОМ Компани, е присутен веќе една деценија.
ПАКОМ Компани во својата дистрибутивна мрежа има 450 партнери, од кои 350 се VIVAX партнери, a во својата сервисна мрежа има 35 партнери.„VIVAX COOL DAY“ се одржува на годишно ниво, во сите земји од регионот, настан кој е веќе препознатлив, каде се презентираат сите новит