Меколи Калкин конечно се отвори по повод гласините за зависноста од дрога во чија сенка беше со години.Во реткото интервју, поранешната мегаѕвезда изјави дека јавноста „не треба по секоја цена да се грижи“ за него откако пред неколку години излегоа шокантните фотографии на кои изгледа слабо, и по кои се појавија гласините дека е зависник од хероин.
„Не, не користев огромни количини на хероин секој ден, како што пишувавте“, демантира 35-годишниот актер. „Она што ме изнервира е дека медиумите се обидоа да ја претстават приказната како грижа за мене. Тоа не е вистина. Се обидувате да профитирате на моја сметка“.
На прашањето дали има уште поголема приказна што еден ден ќе ја раскаже во интервју, Калкин одговара: „Можеби“.
Ѕвездата од „Сам Дома“ исто така се отвори и за маката со постојаното прогонување од страна на папараците и нивното влијание на неговиот љубовен живот.
„Завчера, ја преминав улицата, и наеднаш пред мене се појавија 20 папараци. Тогаш минувачите почнаа да ме снимаат со телефоните. Па, не сум до толку вреден“, се жали тој.
„Вака изгледа целиот мој живот“, додава тој. „Со тек на време почнав да се чувствувам како плен, и постојано да се вртам насекаде. Најлошо е на љубовните состаноци, бидејќи девојките мислат дека не им обрнувам внимание“.
Калкин верува дека фотографите му прават така бидејќи не се „продава за пари“, и посочува дека таков му е и пристапот во кариерата. Кога снима реклама, не е во постојана тензија за идните натрупани проекти.
„Луѓето мислат дека мора да се во постојано движење. Никогаш не сум се однесувал така, а секогаш сум имал идни проекти. Можеби ќе си земам одмор наредната година. Не сум многу активен. Кога знам што сакам да работам, сам го проектирам тоа“.
Во меѓувреме, Калкин го ужива летото во Франција со своите пријатели, кои исто така се актери.Во реткото интервју, поранешната мегаѕвезда изјави дека јавноста „не треба