Да се биде против власта подразбира употреба на креативни методи за ширење пропаганда, кои често се граничат со доза на хистерија и лудило.Поплави со катастрофални размери го зафатија Скопско на 6 август.
Официјалниот број на загинати граѓани во целиот од Скопски регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице. Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете.
Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили. Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22-та жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко.
Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.
Ова стои во официјалното известување од МВР.
Од друга страна, постојат матни известувања „од терен“ дека бројот на загинати ја надминува бројката од 100 лица и дека жителите на поплавените подрачја се подмитени да молчат. Чудна е моќта на потценувањето дека жителите би се согласиле да бидат подмитени за да ја премолчат загубата на најблиските.
Не постои разумен човек кој би можел да се согласи на таква налудничава идеја.
Но, според досегашните неаргументирани теории на заговор на опозицијата, овој не толку изненадувачки податок е уште еден показател дека по поплавата на Скопско на површина исплива бесчувствителноста и непрестаното вознемирување на погодените луѓе од поплавите, на кои во моментов најмалку им треба на грбот да им се натоварат лица коишто се во потрага по внимание и политички кампањи.
Надлежните институции се на терен, досега медиумите интервјуираа бројни жители и пред секој погоден дом ги дочекаа семејства кои и покрај маките застанаа пред камери за да проговорат за страшната судбина што ги снајде и да апелираат за видот на помош која најмногу им е потребна.
За ова на Фејсбук пиша и Здравко Китаноски:
Поплави со катастрофални размери го зафатија Скопско на 6 август.
Официјалниот број на загинати граѓани во целиот од Скопски регион до 9 ав