Најбрзиот човек на планетата, Јамајканецот Јусеин Болт ја истрча и последната негова трка на ОИ и успеа да стигне до третото злато во Рио.Јусеин Болт влезе во историјата на атлетиката како единствен атлетичар кој три пати по ред успеал да освои златен медал во спомнатите три дисциплини, а последната ја освои денес на штафетата 4х100м.
Ова беше деветиот златен медал за Болт на Олимпијадите, со што го стигна легендарниот Карл Луис кој има исто толку. Сепак, Јамајканецот останува во историјата како најдобар спринтер на сите времиња.
Јамајканците беа апсолутни фаворити пред оваа трка – Асафа Пауел, Јохан Блејк, Никел Ашмеиди и Јусеин Болт денес штафетата ја истрчаа за 37:27 сек. што беше доволно за злато.
Второто место го освоија Јапонците, а трети беа Канаѓаните бидејќи Американците беа дисфалификувани.Јусеин Болт влезе во историјата на атлетиката како единствен атлетичар кој три пати по ред успеал да освои златен медал во спомнатите три дисциплин