Екипата на Јувентус славеше во Супер Купот против екипата на Лацио.Јувентус гази се пред себе во италијанското фудбалско првенство, нова огромна победа и нова титула.
Во Супер Купот, „Старата Дама“ ја декласираше екипата на Лацио со убедливи 4-0.
За одбележување е секако и деби голот на Карлос Тевез во дресот на Јувентус.
Голеадата ја започна Погба во 23-тата минута, па тоа беше и резултатот при првиот дел од натпреварот.
Во вториот дел за само 11 минути игра Јувентус го „докрајчи“ Лацио со уште три погодоци и ги реши сите дилеми уште во 56-тата минута.
За 2-0 стрелаше Киелини во 52-рата минута, на 3-0 зголеми Лихштајнер две минути потоа, а конечните 4-0 ги постави Тевез во 56-тата минута од мечот.
Натпреварот се одигра на „Олимпико“ во Рим пред околу 55 000 гледачи.Јувентус гази се пред себе во италијанското фудбалско првенство, нова огромна победа и нова титула.