Јувентус и ПСЖ пред потврда на пласманот во четврт финалето

Со одигрувањето на осмина финалните реванши помеѓу Пари Сен Жермен и Валенсија, односно Јувентус и Селтик, ќе бидат познати уште два екипи кои ќе играат во четврт финалето во Лигата на шампиони.
Јувентус голем дел од работата заврши на првиот натпревар во Глазгов, кога го совлада Селтик со 3:0.Играчите на италијанскиот шампион, на домашен терен, треба само да го завршат она што го започнаа пред три недели, секаков друг исход ќе биде една од најголемите сензации во историјата на фудбалот.„Долго сум во фудбалот и знам дека чуда се случуваат. Уште ми е во главата она финале, во кое Ливерпул на Милан за едно полувреме му даде три гола, а Селтик во Торино ќе има на располагање 90 минути. Би било несериозно доколку мислиме дека овој двомеч е готов“, изјавил креаторот на играта на Јувентус, Андреа Пирло.Јувентус, во Лигата на шампиони, на последните 29 натпревари кои ги одиграл како домаќин има само еден пораз.Тренерот на италијанскиот првак, Антонио Контен покрај повредените Де Чеље, Бендтнер и Пепе, тимот ќе го составува и без Касерес, односно Анелка. Менаџерот на Селтик нема да може да смета на услугите на Браун и Лустинг.Пари Сен Жермен игра одлична сезона во Лигата на шампиони, екипата на Карло Анчелоти мирно го чека реваншот со Валенсија, откако на првиот меч победи со 2:1.Анчелоти ќе биде без Ибрахимовиќ, кој е суспендиран поради црвениот картон кој го доби пред три недели, и на младиот Верати, додека неизвесен е настапот на Тијаго Силва.Проблеми со составувањето на тимот има и тренерот на Валенсија Ернесто Валверде, поради повреди во екипата ќе ги нема Рами и Рикардо Кошта.ПСЖ зад себе има пет победи во ЛШ и ќе се обиде да се пласира во четврт финалето, каде последен пат играше во сезоната 1994/95.Натпреварите во Торино и Париз ќе започнат во 20:45 часот.
МакфаксСо одигрувањето на осмина финалните реванши помеѓу Пари Сен Жермен и Валенсија, односно Јувентус и Селтик, ќе би

Пронајдете не на следниве мрежи: