Агентот на Роберт Левандовски, изјави дека Јувентус не покажал интерес за неговиот фудбалер.
Полскиот интернационалец од редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, цел е на неколку европски фудбалски гиганти.
„Ќе видиме какви ќе бидат опциите во јуни, сега единствено можам да кажам дека со Јувентус не водиме преговори, тоа можам да го потврдам“ вели агентот на Левандовски, Чезари Кучарски.
Инаку, полскиот интернационалец се наоѓа на листата на желби и на Баерн Минхен, и пред се англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Агентот на Роберт Левандовски, изјави дека Јувентус не покажал интерес за неговиот фудбалер.