ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ќе спроведе бесплатни здравствени прегледи по повод Светскиот ден за борба против пушењето во Скопје

По повод Светскиот ден против пушењето, Скопје Сити Мол во соработка со ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре ќе организира бесплатни тестови за сите граѓани.Од 11 до 14 часот  медицинска екипа на ЈЗУ на приземјето во Скопје Сити Мол ќе ги изведува следните медицински тестови:
– Одредување на вредноста на карбон моноксид во издишаниот воздух со помош на апарат: check smoke analyser,
– Одредување на присуство на кислород во крвта (изразено како сатурација со кислород во проценти) со помош на апарат- пулсоксиметар,
– Одредување на вредноста на максималниот експираторен проток (индивидуална способност за издишување на што поголема количина на воздух од белите дробови) изразен како ПЕФ со апарат пикфлоуметар.
Сите граѓани најпрво на пултот ќе имаат можност да пополнат прашалник во однос на општи податоци за пушачките навики (стаж, број на дневно испушени цигари, присуство на кашлица и сл), а со помош на медицинските лица ќе ги пополнат и двете листи кои што се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се придобивките ако се откажат од пушењето. Доколку при првото испитување граѓаните добијат вредности поголеми од 7 тогаш ќе им бидат направени и другите наведени испитувања со цел да се добијат сите дополнителни информации за здравјето.  
За време на Светскиот ден за борба против пушењето, Скопје Сити Мол и Просветно дело дополнително ќе спроведат уште една акција „Остави ги цигарите, земи книга и едуцирај се за здравјето“. Имено, за време на прегледите на приземјето на молот ќе биде поставена кутија во која сите оние кои ќе ги фрлат своите кутии полни со цигари ќе добијат книга од Просветно Дело за здравјето.Од 11 до 14 часот  медицинска екипа на ЈЗУ на приземјето во Скопје Сити Мол ќе ги изведува следните медицински тестови:

Пронајдете не на следниве мрежи: