Jа клоцал, ја влечел за коса па и ставил нож под грло – мајка преживеала хорор од сопствениот син

Полицијата во Земун го уапси С. Н. (31), кој ја малтретирал и се обидел да ја повреди својата мајка.

По наредба на Третото основно јавно обвинителство, одредена му е мерка притвор во полиција до 48 часа.

Тој се сомничи дека по расправијата, ја клоцал мајка си, ја влечел за коса и на крајот ѝ држел нож под грлото и ѝ кажувал дека ќе ја убие.

Жената не е тешко повредена, пишуваат тамошните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: