Секое утро, милиони луѓе ширум светот го започнуваат својот ден со шолја кафе. Но, скоро секоја држава и култура има свој уникатен начин на подготовка. Направивме мало истражување и одбравме дел од најинтересните кафиња ширум светот. Уживајте!
Кафе со јајце (Виетнам)
Основните состојки се жолчка од јајце, кондензирано млеко, шеќер и топло кафе.
Кафе лапланд (Финска)
Локално сирење се става во шолја пред да се прекрие со кафе.
Еспресо (Италија)
Станува збор за класичен рецепт за еспресо, но со додадено парче лимон.
Млеко со кафе (Аргентина)
Аргентинците уживаат во млеко со пена, со само неколку капки силно кафе.
Кафе бонбон (Шпанија)
Овој рецепт содржи само две состојки – еспресо и кондензирано млеко.
Зачинето кафе (Мароко)
Мароканците мешаат сосема обични зрна кафе со сусам, бибер и морско оревче и добиваат необичен, но силен пијалак.
Кафе со чај (Хонг Конг)
За овој рецепт ќе ви бидат потребни црн чај, кондензирано млеко и кафе.
Фрапе (Грција)
Кафе, сладолед, кондензирано млеко и малку ледена вода – највкусното фрапе што сте го пробале.
Фаризиер (Германија)
Овој пијалак бил измислен во Германија со цел да се скрие присуството на алкохол на семејните собири. Тие додаваат рум во кафе со шлаг пена.
Кафе туба (Сенегал)
За време на процесот на печење на зрната кафе, се додава бибер гвинеја и потоа се подготвува како обично кафе.
Кафе со лук и мед (Турција)
Ова е популарна комбинација во Турција, што некогаш се нарекува и Стариот рецепт на Мур.
Кафе со портокал (Јамајка)
Покрај парче портокал, кафето од Јамајка вклучува и доза рум.