Во однос на безбедносниот аспект на мигрантската криза, Република Македонија досега има добиено нула евра, наведува во пишана изјава Ивица Боцевски, посебен советник на претседателот на Република Македонија за надворешна политика, по реакциите за интервјуто на претседателот Иванов за германскиот дневен весник „Билд“.– Во делот на хуманитарниот аспект на кризата, точно е дека помош добиваат меѓународните хуманитарни организации, којшто се, меѓу другото, активни на македонската граница. Меѓутоа, Република Македонија, нормално нема никаков увид во овие средства, затоа што овие средства се донираат директно на тие организации. Она за што зборуваше претседателот е безбедносниот аспект на кризата. Во однос на безбедносниот аспект на кризата, Република Македонија досега има добиено нула евра, ќе повторам, нула евра има добиено Република Македонија за безбедносниот аспект на кризата, вели во изјавата Боцевски.
– Доколку некој тврди дека Република Македонија добила едно евро, еден цент за бегалската криза, јас го повикувам да излезе јавно, и да каже кога, каде и за кои намени биле префрлени средства од Европската комисија до буџетот на Република Македонија, вели Боцевски.
Сите трошоци за безбедноста, се вели во изјавата Боцевски, паѓаат само и исклучиво на македонските институции, на македонската војска, на македонската полиција, македонското разузнавање, македонските здравствени власти, општините на југот, на северот, по текот на рутата и македонските јавни претпријатија.
– Македонија сама си ги сноси овие трошоци, од кои само 25 милиони евра отидоа за безбедносните органи. Така што, не држат тезите дека Македонија добила средства, не држат тезите дека Македонија доцнела со проценката.Ништо досега Република Македонија нема добиено, изјави Боцевски.
Според советникот на претседателот Иванов, постои тенденција парите коишто се планирани како дел од ИПА помошта, кој е инструмент што треба да овозможи Република Македонија да се интегрира во Европската унија, да се пренаменат и да и се дадат на Македонија за бегалската криза. – Тоа не било целта, тоа никогаш не била намената на средствата за ИПА, објаснува Боцевски.
Во делот на бегалската криза, додава, за разлика од некои земји на коишто им се ветуваат силни милијарди, за разлика од Грција на којашто и се ветени 700 милиони евра, Република Македонија нема добиено ниту еден единствен денар.– Во делот на хуманитарниот аспект на кризата, точно е дека помош добиваат меѓународните хуманитарни организации, којшто се, меѓу другото, ак