Последните информации од кабинетот на Иванов се’ дека Заев се уште нема испратено барање за да биде повлечена аболицијата и за случајот „Глобал“.По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на помилувањето за 22 лица од кои најголем дел истакнати политичари, опозицискиот лидер Зоран Заев останува единствениот аболиран политичар во Македонија.
По измените на законот за помилувања јавноста се прашува дали Заев ќе ја искористи можност да побара повлекување на аболицијата дадена од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за него и други петмина за финансиски криминал тежок осум милиони евра. Одговарајќи токму на ова прашање неодамна Заев рече дека тој бара таква можност уште од 2008 година и дека би ја искористил.
„Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбур и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината“, рече Заев на прес-конференција.
Но, последните информации од кабинетот на Иванов се’ дека Заев се уште нема испратено барање за да биде повлечена аболицијата и за случајот „Глобал“.
Заев и пет други лица беа приведени кон средината на јули 2008 година под сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и се стекнале со имотна корист од над осум милиони евра. Сите осомничени беа притворени, се’ до одлуката на Црвенковски на 3-ти август да го аболицира Заев и неговите соработници и со тоа да ја прекине постапката.
Заев по аболицијата изјави дека не сака да ја коментира одлуката на Црвенковски и дека тоа било негово право.
„Аболицијата дадена од страна на претседателот Црвенковски нема да ја коментирам во јавноста. Тоа е сепак негово уставно и законско право“, изјави Заев во 2008 година.
Измените на законот им овозможуваат да побараат повлекување на помилувањата и на останатите кои беа помилувани од претседателот Иванов меѓу кои и сопругот на Радмила Шекеринска и обвинетите во случајот „Пуч“, како и и тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство.По одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на помилувањето за 22 лица од кои најголем дел истакнати политичари, опозицискиот лидер Зо