Мила Царовска од комисијата за труд и социјална политика на СДСМ продолжува на терен да се обидува да ја замајува јавноста, додека во позадина технички назначената министерка по втор пат започнува да врши најгруба партизација на министерството во кое во првиот мандат во 7 месеци немаше ниту еден единствен проект од корист на граѓаните, туку напротив имаше стотици блокирани проекти во обид да го блокира во целост функционирањето на МТСП, реагираат од кабинетот на заменик министерот Диме Спасов.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата.
Сепак, обидите на Мила Царовска, како и оние на Фросина Ременски биле и ќе бидат јалови. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има бројки зад своето работење кои сведочат за трудот и за реализираните мерки и проекти.
Па, на таа тема, неколку споредби:
Просечната нето плата во производството на текстил и текстилни производи во 2005 година била 5.344 денари, а во производство на кожа и слилчни производи од кожа 1.704 денари. Тоа се платите кои ги определиле сопартијците на Царовска и Ременски.
Во 2016 бројките за просечна нето плата се следни: во производство на текстил е 15.356 денари, во производство на облека е 12.695 денари, а во производство на кожа и слични производи од кожа е 11.571 денар. Тоа се бројките кои ниту една манипулација или лага на Царовска, Ременски или било кој од СДСМ не може да ги избрише.
Во време на СДСМ не постоеше минимална плата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја воведе, има континуиран раст и во моментот изнесува 10.080 денари.
Во времето на СДСМ невработеноста беше рекордно високи 38%. Благодарение на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истата денес е рекордно ниски 24%.
Покрај ова во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пред без мандат од народот место во неа да добиваат технички назначените министри за кочење проекти, направени се повеќе измени и дополнувања во Законот за работните односи и останати закони од областа на трудот, со кои се унапредени правата на работниците согласно директивите на Европската унија и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
Се донесе Закон за заштита од вознемирување на работно место, се зајакна улогата на Еконономско социјалниот совет како трипартитно тело за промовирање на колективното договорање и социјалниот дијалог, донесени се 20 Правилници за Безбедност и здравје при работа со кој се обезбедува заштита на работното место и здравјето на работниците.
Синдикатите учествуваа и даваа свои забелешки и мислења за сите досегашни измени на закони како што се измените на Законот за работните односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за европските работнички совети и други на кои им претходеше опсежна анализа која се работеше заедно со социјалните партнери.
Се усвои и Законот за трансформација на работниот однос со кој, меѓу другото, се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос.
Со законот исто така се предвидува и сите лица кои биле ангажирани во работен однос кој не бил од траен карактер, односно не биле редовно вработени, а биле ангажирани во таков работен однос најмалку три месеци заклучно со 30 ноември 2014 година и се уште се со таков работен ангажман, да можат да остварат право за засновање редовен работен однос на неопределено време.=
Во предизборен период кога и на Царовска и на Ременски и на сите во СДСМ им е веројатно јасно дека на изборите ги очекува многу неповолен резултат, разбирлив е обидот преку ветување „брда и долини“ да се обидат да придобијат по некој гласач, меѓутоа со самиот таков настап се повеќе и повеќе ја покажуваат нестручноста и неспособноста да раководат со овој ресор. Паушалните најави за зголемување плати и социјална помош многу потсетуваат на ветувањата на нивната шефица Радмила Шекеринска која ветуваше по еден вработен од секое семејство. Стандардно и очекувано од СДСМ пред секои избори.
Да потсетиме, СДСМ е партијата која преку својата технички назначениот министер Фросина Ременски во период од седум месеци не само што не мрдна со прст за доброто на граѓаните туку цело време работеше на нивна штета и на штета на министерството.
Ременски неколку месеци одбиваше да потпише документи за ставање во функција на градинки, направи застој на околу 230 предмети кои што не ги реши во законскиот рок поради нејзините смислени опструкции и партиски наредби и го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти.
Во својот прв мандат без амин од народот, техничкиот министер Ременски незаконски и со еднострана одлука разреши 15 директори на центри за социјални работи и јавни установи единствено поради смислен политички реваншизам и блокада на започнатите проекти и партизација на министерството. Истото се случува и денес, во време на нејзиниот втор мандат без одобрување на граѓаните: таа им го одзеде правото на раководители на сектори за увид во службена документација и тоа право им го додели на вработени со пониско звање но кои се блиски до неа. Наместо да работи на организација на работата на министерството, таа побара дипломатски пасош. Наместо да се грижи за граѓаните, таа го блокираше проектот „Се грижиме за топол дом“ кој што веќе две и пол години им помагаше на семејствата од социјален ризик. Тоа се дел од неделата на СДСМ и Ременски.
СДСМ е исто така и партијата во чие време се намали висината на испратнината на работниците на кои им претставува работниот однос, се оневозможи лицата кои го прекинале својот работен однос по своја волја да ги остваруваат правата што се добиваат со стекнување со статусот невработено лице, се отежна правото на штрајк каде како организатор може да се појави само Синдикат, се намалуваа средствата кои се издвојуваат за вработување на инвалидизирани лица.
СДСМ е партијата која на улица избрка 200.000 граѓани и затвори 684 фабрики, немаше утврдено минимална плата, не се грижеше за работничките права и ги лажеше во континуитет граѓаните дека ќе вработи по еден член на секое семејство. СДСМ нема кредибилитет да зборува за реформи и мерки во секторот за труд и социјална политика.
Се што ќе кажат во период на предизборието пред сигурниот пораз никој нема да го сфати сериозно бидејќи и долго е сеќавањето на граѓаните за владеењето на СДСМ, и добро се отворени очите на народот за да се видат попустите обиди на оваа партија преку манипулирање на гласачите и создавање кризи да остварува лични и теснопартиски интереси.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата.
Сепак, обидите на Мила Царовска, како и оние на Фросина Ременски биле и ќе бидат јал