Кабинетот на дополнителен заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска реагираше на прес конференцијата на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски одржана на ден 21.11.2016 година.Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата
Фросина Ташевска Ременски и нејзината партија немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите и нивниот стандард.
Пензионерите сеуште ги паметат неправдите кои им направени во времето на Владите на СДСМ кои им ги намалија пензиите за 8% и ги делеа во три категории а исплатата доцнеше. Покрај тоа воведуваа нови модели на усогласување што додатно им ги кратеа пензиите на пензионерите.
Владата ги зголемуваше пензиите и воведе редовна исплата исплата на истите. Од септември 2008 година, исплатата на пензиите се врши на почетокот на секојa седмица од месецот и тоа сите пензии одеднаш.
Најниската пензија ја зголемивме за 90,32% од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година. А просечната пензија за 70,1 % од 7.688 денари во 2006 година на 13.077 денари во 2015 година. Со исплата на ноемвриската пензија во декември 2016 истата ќе биде зголемена за нови 5%.
Покрај тоа се реализираат бројни проекти за подобрување на животот на пензионерите како бањско-климатската рекреација кој го искористија 37193 пензионери потоа бесплатниот туристички викенд кој имаа можност да го искористат 6000 пензионери. Воведовме бесплатен викенд за стари лица во железнички сообраќај за мажи над 64 години и жени над 62 години како и бесплатен превоз во јавниот сообраќај четири пати во недела.
Ги подобрувавме условите во пензионерските домови а овозможивме и поволности за изградба на приватни старски домови преку кој досега се изградени 22 приватни старски домови. Ова се дел од проектите кои ги реализиравме за доброто на пензионерите
Познато е дека Фросина Ташевска Ременски нема капацитет да спроведе било што корисно за граѓаните освен да опструира проекти и да измислува афери. Но денес техничката министерка најгрубо го прекрши Изборниот законик член 8-6 која користеше службени простории на министерството за труд и социјална политика за одржување партиска прес конференција.
Тоа е поткрепено со фактот дека во излагањето на Ташевска Ременски не се споменува министерството или дека се направени некакви анализи во министерството за она што го говори. Техничката министерка воопшто не презентираше став на министерството за труд и социјална политика а споменуваше функционери на една политичка партија. На оваа прес конференција Ташевска Ременски настапи како потпретседател на СДСМ.
Ова е нејзин очаен обид да ја прикрие злоупотребата која ја правеле нејзините најблиски соработници со нејзина поддршка на службени ресурсиза која јавноста очекува одговори.
Доаѓа времето кога Ташевска Ременски ќе сноси одговорност за сите опструкции и злоупотреби направени во нејзиниот мандат.Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата
Фросина Ташевска Ременски и нејзината партија немаат никаков кредибилитет да г