Прашањето дали ќе има или ќе нема бегалски кампови на територијата на Македонија претседателот Иванов го затвори на самитот во Брисел во октомври 2015 година. На тој самит точно и јасно беше кажано дека на територијата на Република Македонија ќе има само два транзитни центри, на југот за 1.500 бегалци, и на север за 500 бегалци, изјави Ивица Боцевски, посебен советник во кабинетот на претседателот Иванов, кој ги демантираше, како што наведе, лагите и невистините изнесени во денешното соопштение на ЛДП дека Иванов се согласил на територијата на Македонија да има бегалски кампови.– Република Македонија останува на својот став, ние сме транзитна држава, ние не сме земја крајна дестинација и како транзитна држава остануваме со капацитетите. И натаму се залагаме за сеопфатно европско решение. И натаму се залагаме за целосна заштита на граничната црта, за целосно менаџирање на бегалците, целосна регистрација на бегалците и нормално се залагаме за сеопшто европско решение кое ќе ги земе предвид барањата на сите земји и потребите на сите земји, изјави Боцевски.
Посочи дека претседателот Иванов од мај предупредува дека Европа ја очекува бегалски бран и дека е потребно сеопфатно европско решение, затоа што оваа криза не може да се решава парцијално и без најзасегнатите земји коишто се наоѓаат на балканската рута меѓу кои е и Македонија.
Република Македонија смета дека треба да и се помогне и на Турција и на Грција, истакна Боцевски, но дека еднострани решенија на било која земја од коридорот не води кон решение.
Тој додаде дека Македонија е земја која прогласи кризна состојба, а претседателот Иванов потпиша акт со којшто илјада војници се ставени на располагање на јужната граница и ја обезбедуваат границата, го канализираат протокот на бегалците, и овозможуваат целосна регистрација и хуманитарна заштита на самите бегалци.
Боцевски констатираше дека сите оние кои пласираат вакви измислици, тоа го прават за ситни политички поени или пак ги преспале последните шест месеци.
– Република Македонија останува на својот став, ние сме транзитна држава, ние не сме земја крајна дестинација и како транзитна држава останув