Министерството за труд и социјална политика испрати реакција во врска со отвореното писмо испратено од неколку членови на кабинетот на поранешниот технички министер до министерот за труд и социјална политика Фросина Ременски.во продолжение следува интегрален тест од реакцијата на МТСП
Министерството за труд и социјална политика реагира во однос на отвореното писмо испратено од четворица вработени до министерoт за труд и социјална политика при што го истакнуваме следново:
Објавеното писмо изобилува со квалификации и претставува обид за политичко конфронтирање со министерот за труд и социјална политика што не може и не смее да биде одлика на државни службеници и долгогодишни професионалци.
Должни сме да реагираме бидејќи со наведените манипулации се наштетува на угледот на министерот за труд и социјална политика. Не станува збор за никаков притисок или “политички терор” врз поранешните членови на кабинетот на Фросина Ременски и ова најостро го демантираме.
Министерот и лицата овластени од него постапуваат согласно законските овластувања во организирање на работата на секторите и севкупно на министерството. Од тие причини сметаме дека секој државен службеник-вработен во министерството за труд и социјална политика кој смета дека му е повредено некакво право од работните односи има право да ги искористи правните механизми во докажување на истото во законски пропишана постапка.
Почитувањето на законските обврски и правила не може да се нарече тортура туку владеење на право. Законските обврски и правила мора да се почитуваат и хаосот кој смислено се правеше во министерството изминатите 6 месеци мора да заврши.
Да потсетиме изминатите 6 месеци техничката министерка незаконски разреши 25 директори на Центри за социјална работа и јавни установи од кои 12 од нив ги остави на улица без работа и без егзистенција. Во тој контекст бројни беа и внатрешните прераспределувања во министерството кои ги направи техничката министерка, при што огромен број професионалци беа деградирани, преместувани, заплашувани и омаловажувани. Сите овие незаконски активности предизвикаа огромна штета врз работата во министерството и создадоа хаос од невидени размери. Ваквата состојба мора да заврши и да се стави крај на хаосот, законите мора да се почитуваат.
Комуникацијата преку медиумите со претпоставените додека користат боледување и годишен одмор потпишаните државни службеници не е во духот на професионализмот и може да се сфати како обид за јавно дискредитирање на министерот кој тукушто ја превзеде функцијата и се зафати да ги нормализира состојбите во министерството. На тоа укажува и што во отвореното писмо потпишаните не навеле со која постапка кој Закон е прекршен од страна на овластените лица. Тоа ја истакнува само паушалноста на неоснованите обвинувања, навреди и клевети.
Доколу во рок од 48 часа јавно не се извините за нанесените навреди и клевети ќе поднесеме тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Министерот за труд и социјална политика како и порано така и сега и во иднина ќе се грижи за работните услови на вработените во министерството и во своите одлуки ќе се води исклучиво од овластувањата кои му ги дава законот. Секој професионалец ќе биде уважуван бидејќи тоа е во интерес на правилното функционирање на министерството за труд и социјална политика и исполнување на очекувањата на граѓаните и спроведување на проектите.во продолжение следува интегрален тест од реакцијата на МТСП
Министерството за труд и социјална политика реагира