Јохан се врати! Заврши голготата на неправедно осудениот херој и тој конечно се врати кај својата фамилија. Јохан е единствената жртва од конфликтот во 2001-та, неземајќи ги предвид херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција.
Јохан ја даде својата жртва за својата татковина, за своето родно место и покажа како се сака Македонија. Се врати и беше поздравен од огромна маса народ која се собра за да му оддаде почит и да му искаже благодарност за сé што направил.
Меѓутоа, целиот настан, за жал на сите, повторно и повторно доби идеолошка заднина и повторно пред македонските и националните интереси беа ставени ситните партиски и бизнис интереси.
Затоа што веќе е излишно да се коментира игнорирањето на опозицијата и нејзиното игнорирање на вакви настани, би сакале да го прокоментирање недоаѓањето на Стојанче Ангелов, таканаречениот лидер на македонските бранители.
Во ниедно регуларно општество не би требало да се случуваат вакви работи. Не е добро да не се испочитува човек кој лежел затвор за Македонија, не е добро еден бранител по одлежана робија да не биде пречекан од оној којшто се декларира себеси како лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та.Јохан се врати! Заврши голготата на неправедно осудениот херој и тој конечно се врати кај својата фамилија. Јохан е единствената жртва од конфликто