КАДЕ Е ЧОВЕЧНОСТА? – Докторки го оставиле пациентот да почине затоа што им смрдел на фекалии!

„Тие дојдоа додека го чистев. Ги преколнував да останат“, раскажува баба Стевка, чиј сопруг Славко починал во страшни маки.- Трчав по лекарите по улицата. Чекајте деца, помогнете ми барем да го кренам сопругот на кревет. Ниедна од нив не се сврте да ми помогне – вели Стевка Јовиќ од Батајница, чиј сопруг Славко Јовиќ (76), вчера изутрина починал во најстрашни маки, бидејќи лекарите од Домот на здравјето во Батајница, не сакале да му пружат лекарска помош зашто им смрдел на фекалии, пренесоа српските медиуми.
Стевка вели дека со денови се јавувала во Брза помош, бидејќи на нејзиниот сопруг, кој пред година дена бил опериран од карцином на дебелото црево, му било лошо. Но, никој не сакал да дојде. Кога обидите пропаднале, Стевка побарала помош од нејзината пријателка, на чиј повик сепак дошле лекарите, но по 24 часа!
– Во вторникот дојдоа две млади девојки. Не ни сакаа да влезат. Стоеја на вратата и шепотеа: „Леле, колку смрди“. Рекоа дека тие не студирале за да прават вакви работи и си отишле. Не го погледнаа, ниту се потрудија да му дадат лекови. Тој почина во најстрашни маки. Се грижев за него колку што можам, но тие дојдоа во моментот кога го чистев на подот и се обидов да го пресоблечам – вели Стевка, која има само еден син, кој што работи во Украина.
Никој од болницата не даде коментар за случајот.
Според информациите, локалната полиција се вмеша во случајот и покрената е истрага.
– Трчав по лекарите по улицата. Чекајте деца, помогнете ми барем да го кренам сопругот на кревет. Ниедна од нив не се сврте да ми помогне – в

Пронајдете не на следниве мрежи: