четврток, 12 ноември 2026
Најново

Каде е најстудено и каде има дожд?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дожд најмногу наврнало во Лазарополе 19 литри на метар квадратен во Маврово 18, во Дебар 16, во Пожаране 10, девет во Охрид, седум во Тетово и Претор, шест во Крушево, пет во Прилеп, четири во Дојран, три во Берово, Ѓуриште и Тополчани и еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Штип, Д.Капија, Виница, Струмица и Гевгелија.Минималната температура во целата земја е над нулата и се движела од четири до 11 степени. Најтопло било во Демир Капија со измерени 11 степени, а најниската температура во Струмица, Прилеп, Крушево и Маврово четири степени.
Во Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Ѓуриште се измерени пет степени,  шест во Берово и Претор, седум во Тетово, Пожаране и Тополчани,  осум во Виница, девет во Гевгелија и 10 во Битола, Дебар, Дојран, Крива Паланка, Охрид и Штип.
Дожд најмногу наврнало во Лазарополе 19 литри на метар квадратен во Маврово 18, во Дебар 16, во Пожаране 10, девет во Охрид, седум во Тетово и Претор, шест во Крушево, пет во Прилеп, четири во Дојран, три во Берово, Ѓуриште и Тополчани и еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Штип, Д.Капија, Виница, Струмица и Гевгелија.
Утрово времето е облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дува умерен, а во средниот дел на Повардарието, во Пелагонија и на североистокот повремено и засилен ветер од јужен правец.
Во текот на денот ќе се задржи претежно облачно со врнежи од дожд, кој ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина и над 90км/ч. Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Т-ра до 15 степени.
Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица.Минималната температура во целата земја е над нулата и се движела од четири до 11 степени. Најтопло било во Демир Капија со измерени 11 степени, а

Поврзани вести