Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Фросина Ременски молчи додека мигрантите премрзнуваат во прифатните центри кои таа ги остави без греење. Од ресорното мнистерство веќе два дена молчат за случајот и нема одговор што конкретно ќе превземе министерството за надминување на проблемот.Дивна Јанкова, долгогодишен активист за човекови права и претседател на здружението на граѓани „Доверба“, кое работи на заштита на здравјето на граѓаните, вчера од пред Центарот за култура од Куманово, упати апел до Фросина Ременски да реагира соодветно во згрижувањето на мигрантите во Македонија, согласно потпишаната Конвенција за заштита на човековите права.
– Апелирам до техничката министерка Ременски, во овој случај со мигрантите кои се дојдени во нашата земја, соодветно, согласно Конвенцијата за човекови права да реагира, односно да го сочуваме нивното здравје кога ги примаме во нашата земја. Освен сместување и храна, ние треба да им задоволиме и една од основните потреби тоа е топлина на ова ладно време, рече Јанкова.
Додаде дека граѓаните и таа како бранител на човековите права, чуствува, како што наведе, грижа на совест, зошто не им се помага на овие луѓе, достоинствено да го поминат времето додека престојуваат во Македонија.
– Имаме добиено средства, како што прочитав во гласилата, и нека тие средства соодветно се употребат хумано за целите за кои се наменети, изјави Јанкова.
Иако Министерството за труд и социјала има добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември оваа година токму за овие намени, до денес Ременски ги нема завршено постапките за да овозможи достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во транзитните центри,
Ременски еден месец ги нема подмирено обврските на Министерството за обезбедување електрична енергија за затоплување на објектите во транзитните центри на северната и на јужната граница.
И додека Ременски и нејзиниот кабинет веќе два дена молчат, поради нејзината неажурност илјадници сириски мигранти, меѓу кои има жени и деца се смрзнуваат во прифатните центри. Според изјавите на лицата што се присутни во прифатните центри, состојбата таму е критична.
Најпогодени од ова се децата и постарите, кои не се навикнати на ниски температури во земјите од каде што доаѓаат. Поради тоа, голем број од нив се настинати, истоштени и не можат да го продолжат патувањето кон Србија.
Министерувањето значи и превземање одговорност за лошото менаџирање со ресорот. По низата скандали кои ги предизвика Ременски веднаш по нејзиното влегување во МТСП, дополнителната министерка продолжува да ја покажува својата некомпетентност да раководи со ресорот во кој целосно се изгуби.
Нејзините постапки, вклучително и последниот случај со прифатните центри кои ги остави без греење, сериозно ја доведуваат во прашање нејзината кадарност за фунцијата која ја извршува. Поради нејзиното неснаоѓање на раководната фунција во МТСП, мигрантите се смрзнуваат, а апелите од граѓанските здруженија остануваат неслушнати.
Медиумите и претходно пишуваа дека техничката министерка треба посериозно да се посвети на учење на надлежностите во министерството за компетентно да може да ја извршува фунцијата.Дивна Јанкова, долгогодишен активист за човекови права и претседател на здружението на граѓани „Доверба“, кое работи на заштита на здра