Каде исчезна надгорбната плоча на Фреди Меркјури?

Мистерија стара 22 години!
После 22 години беше откриено каде е почивалиштето на Фреди Меркјури-фронтменот на Квин, односно откако Daily Mail ја објави информацијата дека надгорбна плоча која ги содржи неговото име и презиме се наоѓа на лондонските гробишта Кенсал Грин.
Но, веднаш откако информацијата се рашири низ јавноста, плочата беше тргната.
Имено, еден од фановите кој веднаш отишол на гробиштата изјавил: „Едноставно исчезна. Само што се разоткри мистеријата за пепелта на Фреди, а веќе се отвори ново поглавје. Сето ова е многу интригантно“

 
Мери Остин, поранешната девојка на Остин е единствената која ја знае точната локација но таа вели дека нема никогаш да ја открие.
„Дадов ветување на неговата смртна постела дека нема никогаш да откријам каде е неговата пепел. Знам каде е и толку можам да ви кажам околу тоа“

 

Пронајдете не на следниве мрежи: