Каде ќе летуваат Македонците ова лето?

Веќе е јули месец, па сите се подготвуваат за одмори и рпават планови каде е најдобро да одат ова лето. 
Според анкетата која ја спореведе факултети.мк, Македонците се изјаснија каде планираат да летуваат ова лето. 
На прашањето „Дали планирате да одите на одмор годинава?“ 88% од испитаниците одговориле дека ќе одат, 2% изјавиле дека одморот ќе го остават за некои подобри времиња, а 10% се' уште се двоумат.
Според анкетата, најголем дел од Македонците ќе летуваат кај нашиот јужен сосед, односно цели 45%, потоа следува Црна Гора (13%) како втора најпопуларна дестинација, па Македонија (10%), Турција (9%), Хрватска (6%), Бугарија (2%), Албанија (2%) и останатите 13% ќе летуваат на некоја друга дестинација.
На последното прашање “Колку пари планирате да потрошите за летниот одмор?” најголем дел одговориле од 300 до 600 евра.
Извор. Факултети.мкВеќе е јули месец, па сите се подготвуваат за одмори и рпават планови каде е најдобро да одат ова лето. 

Пронајдете не на следниве мрежи: